за

BMW X1 само за Кина со нов хибриден погон и продолжена каросерија

BMW X1 xDrive 25Le

BMW и кинескиот партнер Brilliance ќе претстават нова изведба на X1 xDrive 25Le на салонот во Шангај (16-ти до 25-ти април). Оваа верзија со плагин-хибриден погон е развиена посебно за Кина, има продолжено меѓуоскино растојание и сега може да вози до 110 километри со енергијата во батеријата. Тоа е 83% подолг досег во споредба со постоечката изведба на компактниот кросовер.

Погонската спрега на BMW X1 xDrive 25Le ја сочинува 1,5-литарски турбо бензинец со три цилиндри, кој е задолжен за погон на предната оска, додека задната оска добива погон од електромотор. Системската моќност изнесува 231 КС, максималниот вртежен момент 382 њутнметри. Во комбинација со 6-степен автоматик, спринтот до сто трае 7,4 секунди.

Продолжениот досег се должи на поголемиот удел на никел во составот на анодата на батеријата. Моделот се произведува локално, во фабриката во Шенјанг.

По купе-лимузината Mercedes CLA доаѓа и BMW 2 Gran Coupe

BMW со салонско деби на серијата 7 и со армада хибриди

BMW i3 по супертестот на 100.000 километри во АУТО БИЛД

BMW M3 паузира, но затоа има за првпат BMW X3 M

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat 500X продолжува со продажба на пазарот во САД

skoda superb 500k

Половина милион примероци од Skoda Superb од актуелната генерација