145
21 shares, 145 points

Центарот на BMW во Минхен беше затворен за посетители во неделата. Причина за тоа беа дванаесетте пилоти кои се натпреваруваа со своите дронови брзи над 100 km/h во самиот објект

Вратите на центарот на BMW во Минхен останаа затворени за посетителите во неделата. Дванаесет пилоти учествуваа во трка со дронови во полуфиналето на DRL-лигата. Малечките летала брзи и преку 100 километри на час пролетуваа покрај изложените автомобили во џиновскиот и повеќефункционален објект којшто се вбројува меѓу највпечатливите архитектонски дела воопшто.

Објект што со право се нарекува BMW Welt, Светот на BMW

Повеќе од 3.000 посетители пристигнаа во BMW Welt за да го следат спортскиот спектакл во живо. Победникот на трката ќе учествува во финалето на светскиот шампионат во трки со дронови DRL против победниците од претходните трки, коешто ќе се одржи во Саудиска Арабија.

bmw welt trka so dronovi publika

BMW од третава сезона е официјален партнер на лигата со дронови DRL, којашто е една од најголемите тркачки серии во футуристичкиот спорт, со растечки интерес меѓу натпреварувачите и меѓу публиката. Прекалени FPV (First Person View) пилоти ги управуваат лично изработените дронови по мошне сложени рути низ просторот.


,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
21 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *