157
20 shares, 157 points

Студијата BMW Vision M Next го следи изгледот на легендарниот M1 и го прикажува во модерно светло. Во погонот, конструкторите на BMW останале мошне приземни и вградиле плагин-хибрид со 600 КС, со по еден електромотор напред и назад. Постојат повеќе претпоставки за тоа што Баварците го планираат со ова спортско купе.

Три спортски автомобили служат како инспирација за идните проекти на спортскиот огранок на BMW. Тоа се студијата на дизајнерот Пол Брак од 1972 година, наречена едноставно Turbo, потоа BMW M1, за кого медиумите тогаш објавуваа дека се работи за заеднички автомобил на BMW и Lamborghini, додека третиот автомобил е актуелниот плагин-хибрид BMW i8. Тоа што сега ни пристига од Минхен ги спојува сите три автомобили и покажува како би изгледало вистинското спортско купе во режија на M GmbH.

New photo by Automedia MK / Google Photos

BMW Vision M Next е долг само 458 сантиметри и висок 128 сантиметри, но затоа во ширина оди до 201 сантиметри. Секако дека суштината на целиот автомобил е во средишно вградениот мотор. Тоа ја дава и препознатливата странична силуета со нагласено клинеста форма. Точно во стилот на M1. Дречливата портокалова боја создава контраст со карбонот од когошто е изработена речиси целата школка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во тенките светла напред и назад работи ласерска техника. Место маска, напред доминираат широки „бубрези“, покриени со стакло. Од нив произлегуваат надолжни линии по хаубата, кои создаваат мошне свеж и оригинален дизајн. Димензиите на гумите исто така заслужуваат внимание: 255/35 ZR 21 напред и 285/30 ZR 22 назад.

Мошне скромно со моќноста и перформансите како за концептен спортски автомобил; Тоа е знак дека Vision M Next не е толку далеку од реалноста

Конструкторите не претерале со бројот на цилиндри или со работната зафатнина, затоа што пред задната оска на Vision M Next работи сосем народски дволитарец со четири цилиндри. Но, на моторот му помага по уште еден електромотор на секоја оска. Со тоа се постигнува системска моќност од 600 КС. Перформансите покажуваат дека техничарите во Минмхен се во право: Спринтот до темпо сто трае три секунди, крајната брзина изнесува 300 километри на час.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Верно на мотото на BMW, возачот може да го исклучи предниот електромотор, со што целиот погон се префрлува на задната оска. Моќноста во тој случај се смалува, но расте уживањето во возење, кога ќе почне да се поигрува со надуправувањето. Со енергијата во батеријата, M Next може да совлада пат од 100 километри. Вториот начин на работа на погонската спрега што му стои на располагање на возачот е буст-плус, со краткотрајна испорака на екстра моќност.

Присутни се сите традиционални обележја на BMW, иако се работи за автомобил од иднината

Воланот одвај личи на волан, а зад него се наоѓа стаклен панел на когошто се проектираат информациите. Уште едно традиционално обележје во кокпитот на иднината е тоа што кокпитот е ориентиран кон возачот, но тоа кај „M Next“ е изведено во повеќе рамништа и се нарекува Boost Pod. Главните информации за возењето се проектират врз ветробранот. Меѓу мноштвото податоци што ги знае интелигенцијата во спортското купе спаѓа и пулсот на возачот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Концептните автомобили на BMW обично се развиваат како необврзувачки излет во иднината. Изненадува тоа што Vision M Next не е електричен автомобил со моќност и перформанси од коишто запира здивот, туку е сосем приземен плагин-хибриден автомобил, со мошне реални податоци за моќноста и со погонска спрега што е реална да се изведе во сериски автомобил.

Извесно време кружат гласини дека следните генерации на моделите од BMW M GmbH ќе користат плагин-хибриден погон. Но, можеби Vision M Next ветува уште повеќе од тоа. На пример, вистински наследник на M1. Со плагин-хибриден погон. Големи се шансите дека BMW преку овој концептен автомобил го најавува наследникот на i8.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *