122
17 shares, 122 points

Производителот на автомобили ќе изгради училиште за 1.600 деца и млади во близина на својата фабрика во Рослин, во Јужна Африка.

Огранокот на BMW во Јужна Африка ќе изгради фабрика за 1.600 ученички и ученици во Рослин. Баварскиот производител на автомобили ќе вложи седум милиони евра во проектот. Училиштето во близина на Преторија ќе можат да го поседуваат деца и млади, од предучилишна возраст до матура во 12-ти клас. BMW ги објави овие планови пред неколку денови, за време на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Јужна Африка. Изградбата ќе започне в година.

Според соопштението од BMW, школарината ќе се движи во рамките на останатите улилишта во близина и ќе биде поврзана со просечната плата на територијата што ја опфаќа училишптето. Целта на германскиот производител е со училиштето да се покрие празнината меѓу забавиштето што е дел од фабриката Рослин, за деца на возраст од три до шест години, и програмите за стручна квалификација на BMW.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
17 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *