за

BMW повикува во сервис 560.000 примероци од старата серија 5

bmw serija 5 e60
bmw serija 5 e60

Сомнителен електричен кабел во багажникот ги активираше службите во BMW. Повеќе од половина милион постари примероци од сериите 5 и 6 мораат да ги посетат сервисните работилници. Најголемиот дел од возилата се продадени во Германија.

Поради можна корозија на навоен спој за електричен кабел во багажникот, BMW започна глобален сервисен повик за околу 560.000 автомобили од постарите серии 5 и 6. Најголемиот дел од возилата, односно околу 274.000 возила, продадени се во Германија.

Повикот се однесува на возила произведени меѓу февруари 2002 и јули 2010 година. Станува збор за модели од сериите 5 и 6, од генерациите E60, E61, E63 и E64.

Како што соопштуваат од BMW, сервисниот повик е чисто поради предострожност. Само во исклучителни случаи може да настапи топење на кабелот. Се претпоставува дека кај околу 60% од возилата ќе биде доволна проверка, без потреба од каков било сервисен зафат. BMW уште во 2012 година повика голем број возила во сервисните работилници, поради проблем со каблите.

Трансплантација на „бубрези“ во BMW: Стара серија 3 со маска од нов X7

BMW ќе ја произведува серијата 3 во Мексико

Таму каде што има серија 8 на BMW мора да има и M8

BMW ќе развива електричен погон заедно со Jaguar Land Rover

Нова серија 1 на BMW: Со сета сила напред

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 718 Cayman GT4 i Spyder

Porsche 718 Cayman и Spyder првпат со „шестка“

fabrika skoda razlicni narodi vraboteni

Во чешките фабрики на Skoda работат 4.443 странци од 48 држави