Официјалната премиера на новата генерација на серијата 4 на BMW ќе се случи утре, меѓутоа BMW ја има и таа традиција што заедницата секогаш успева да објави фотографии за новите модели пред самата фабрика.
Некаде во процесот на печатењето на брошурите недозволено се провлекоа првите слики што го прикажуваат изгледот на новата серија 4 на BMW. Фотографиите прво се појавија на инстаграм и даваат мошне добар преглед на купето од сите страни. Има преглед дури и на палетата на бои што ќе бидат на располагање за стартот на продажбата.
Новите модели на Минхен секогаш се магнет за сцената, така што јавноста ја следи втората генерација на серијата 4 уште откако се појавија фотографии од тестирањето на Нирбургринг, а потоа и во близина на седиштето на BMW во Минхен. Новите фотографии покажуваат дека серискиот модел ќе ги задржи долгите и масивни бубрези, како што беше најавено при премиерата на концептниот автомобил во минатата есен.
Се забележуваат сличности со дизајнот на ексклузивното купе од серијата 8, со долга и моќна хауба, со линија на покривот што мошне бавно се спушта наназад, како и со испакнати задни крила.
Гамата на серијата 4 ќе вклучува и кабриолет изведба, со платнен покрив, место металниот преклоплив покрив кај актуелната генерација на моделот. Потоа ќе следи и третиот член во гамата, купе-лимузина со вообичаената ознака Gran Coupe.
Сите детали за купето од новата серија 4 на BMW ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.
https://www.instagram.com/p/CA3M_f5B3sy/
https://www.instagram.com/p/CA3M8Neh_8n/