154
68 shares, 154 points

Гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски направи појавувањето на серијата 3 на BMW на македонската автомобилска сцена да има нешто што моделот го нема на ниту еден друг пазар во светот – музичко лого како потпис што непогрешливо асоцира на еден од најголемите музичари во регионот

Новата генерација на серијата 3 на BMW доживеа премиера на македонската автомобилска сцена, на пригоден настан во старата печатница на Нова Македонија, кадешто деновиве се одржува Модниот викенд. Тоа што му даде посебен печат на настанот беше присуството на македонската музичка легенда Влатко Стефановски, кој во соработката со увозникот на марката создаде музичко лого што ќе го придружува новиот автомобил во рекламната кампања.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Серијата 3 на BMW веќе вози во својата седма генерација и има постигнато повеќе од 15 милиони продадени примероци во четиридецениската историја. Марко Јовановски, генерален директор на М Кар, посочи на гордоста и задоволството во компанијата од тоа што Влатко Стефановски од минатата година е клиент и член на семејството BMW.

За 30.000 километри што Влатко Стефановски ги има изминато за една година, има големо влијание изборот на моделот

Македонскиот и светски музички виртуоз Влатко Стефановски на промоцијата на моделот ја коментираше единствената соработка со германската автомобилска марка: „Пред година дена ми дојде време да сменам автомобил и откако ги прошетав сите салони во нашиот град, мојот избор беше BMW X1. Помина една година откако го купив овој автомобил и досега имам поминато скоро 30.000 километри, што зборува за моето интензивно патување и големото задоволство при возењето на тој автомобил. Сум возел многу брендови пред BMW и сум пробал многу автомобили, имам големо искуство во возењето и патувањето и морам да кажам дека од сé што сум возел досега, ова искуство на возење BMW е неспоредливо. Каде и да тргнам стигнувам релаксиран, одморен и со минимум стрес. Затоа оваа наша соработка е на обострано задоволство.“

Моделската понуда на серијата 3 моментно се состои од изведбите 320i, 330i, 318d, 320d, 320d xDrive и 330d. Кон средината на јули, во понудата ќе се придружат моќниот M340i xDrive и хибридниот 330 e. Ценовникот почнува од 38.900 евра, за моделската изведба 318 d.

BMW ќе тестира роботско такси по 2021 година

За овие идни модели на BMW уште е добар зимскиот студ

BMW X1 само за Кина со нов хибриден погон и продолжена каросерија

Продажбата на BMW во минус, сите надежи во новата „тројка“

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
68 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *