за

Првиот примерок од серијата 8 на BMW е црвен како Ferrari

Започна производството на серијата 8 на BMW

Во фабриката за најскапите модели на BMW во Динголфинг започна производството на купето од новата серија 8 на Баварците. Тоа е буквално само почеток на офанзивата во луксузниот сегмент

Динголфинг стартуваше со редовно производството на купето од серијата 8 на BMW. Во фабриката е вложена трицифрена милионска сума за производството на новата моделска серија. Транспортни системи кои возат самостојно или работници опремени со дигитални уреди се вообичаена глетка во оваа фабрика во Баварија.

Покрај купето од серијата 8, тука се произведува и лимузинскиот знаменосец на BMW, серијата 7. Динголфинг важи како центар за производство на најлуксузните модели на сино-белата марка.

BMW serija 8 proizvodstvo 2

Каросеријата на купето е изработена од челик, пластика, алуминиум, карбон. Покривот, вратите, хаубата и челниот ѕид на кабината, како и носечките структури напред и назад, изработени се од алуминиум. За првпат кај модел што не носи „М“, покривот е изработен од карбон. Тој исто така пристига локално, а се изработува со иновативна постапка на влажно пресување.

Производствените техники кај водечките марки напредуваа дотаму, што денес на иста производствена лента може да се произведуваат купето од серијата 8 и сериите 5 и 7. Во исто време напредува и дигитализацијата. Во монтажата на врати, на пример, доставата на деловите ја вршат автономни транспортери, додека мерењето на зјаевите и споевите е задача за роботите.

BMW serija 8 proizvodstvo 3

И работиците се дигитализираат. Некои од вработените носат ракавица за скенирање ProGlove, а наскоро ќе добиваат и „егзотичен“ аларм, кога на лентата им се приближува возило со ретка дополнителна опрема и специјална техника за изработка. Во тој случај, паметниот часовник кој го носат почнува да вибрира.

BMW serija 8 proizvodstvo 4

Секако дека не смеат да отсуствуваат и очила за виртуелна реалност. Мајсторите на баварската марка во овие очила можат да ги гледаат сложените процеси на монтажа и да ги следат како пример додека работат на возилото. Користењето на сите овие уреди е доведено до совршенство пред стартот на производството.

По купето, серијата 8 на BMW ќе добие и кабриолет и купе-лимузинска изведба. Верзија со печат на M GmbH, исто така. Идниот BMW M8 ќе вози со далеку повеќе од 600 КС. Веројатно, лакиран во црвено.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

оцена на квалитетот на автомобилите според JD Power

Вака Американците оценија 31 автомобилска марка според квалитетот

Honda CR-V

Honda CR-V без дизел, но со хибрид