за

BMW серија 8 ќе има премиера на 24 часа Леман

bmw серија 8 купе

Во предвечерието на легендарната маратонска трка во Леман започнува следното големо поглавје на BMW. Светската премиера на купето од новата BMW серија 8 ќе се случува на 15-ти јуни. За сето тоа да има вистинска смисла, сериската верзија на луксузното купе ќе има деби покрај тркачкиот BMW M8 GTE, која што веќе во следниот ден ќе учествува на 24 часа Леман. Со тоа воедно се означува и големото враќање на BMW на патеката Леман, по 2011 година.

Тркачкиот M8 GTE му направи одличен вовед на купето од BMW серија 8

BMW Motorsport ќе учествува на француската патека со два автомобила M8 GTE, коишто веќе го покажаа потенцијалот на почетокот на новата сезона во Спа-Франкоршамп, како и во американскиот ИМСА. Во погонот и подвозјето на BMW серија 8 се користат искуства од мотоспортот. Тоа се покажува најмногу кај BMW M850i xDrive Coupé.

bmw серија 8 Велс, bmw m850i xdrive coupe

Со нов мотор V8, погон на сите тркала, регулирана блокада на задниот диференцијал, управување на сите тркала, приспособливо подвозје со систем за спречување на наведнувањето на каросеријата и бандажи од 20 инчи ќе се вмеша меѓу најблагородните модели во гран-туризмо класата.

Со купето од серијата 8 започнува големата моделска офанзива на BMW во луксузната класа. Се најавуваат и други каросериски изведби, вклучувајќи и кабриолет како конкурент на Mercedes S-Class. Продажбата на купето од BMW серија 8 ќе стартува веќе годинава.

BMW M5 со плус 25 КС и уште поагресивно подвозје

BMW 6 Gran Turismo добива четирицилиндарски дизел

Наследникот на BMW 850i влегува во целната рамнина

BMW X3 почна да вози и на струја

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Civic Type R rekord Magny Cours

Honda Civic Type R во нов напад на тркачките патеки

Mitsubishi Outlander PHEV bestseller

За плагин-хибрид Британците и натаму избираат прво Mitsubishi