BMW го проширува полето на дејствување и во ноември го пушта во игра купето од новата серија 8, во врвната автомобилска лига. Во сегментот на најскапите и најбрзи купеа, купувачите се уште попребирливи отколку кај серијата 7
Тоа што Баварците го прават со пуштањето во игра на новата серија 8, не е „само“ уште едно поглавје во вечното соочување со Mercedes, туку е острење на целата марка за влегување во костец со автомобилските имиња што го имаат заграбено врвот. Creme de la Creme, јагодата или вишната на шлагот, изрендана белгиска чоколада, сеедно – тоа што следи на врвот, тоа што е последното.
Серијата 8, поточно купето од бројчено и фактички највисоката серија во понудата на BMW, затоа што по него ќе следи кабриолет, а веројатно и купе-лимузина, доаѓа со двојно иницијално полнење. Тоа има елегантна појава, а под студениот метал се крие тркачка техника. Каросеријата на BMW M850i xDrive е само маска, колку за автомобилот да може да добие регистерска таблица.
Целата автомобилска сцена се тресе кога пристигаат модели од врвот на понудата на премиум марките
Со ваквата комбинација, осумката од Минхен ги има во визир двата модела од Штутгарт: Едниот повеќе елегантен отколку спортски, но апсолутно престижен, вториот тркачки груб и контраелегантен, предизвикувачки. BMW серија 8 против S-Class Coupe и AMG GT. Но, не е толку едноставно. Работите се менуваат многу повеќе, од соочувањето меѓу BMW и Mercedes повторно и силно се тресе целата автомобилска сцена. И добро е што борбата не стивнува, затоа што ќе беше премногу здодевно само со Volkswagen и неговата перфекција за банализирање.
BMW M850i xDrive задира меѓу благородништвото, меѓу заштитените сорти. Во овој кус преглед ги избравме неколкуте директни и не толку директни конкуренти. Aston Martin Vantage повеќе е ценовна алтернатива, затоа што во поглед на практичноста има неколку големи ограничувања наспроти „комотното“ купе од серијата 8 на BMW – ако воопшто е важна практичноста во секојдневието.
Британското купе што е суперсвежо на пазарот, инаку, вози со мотор од AMG. Возните својства исто така се сменети во споредба со старите „тркачи на право“. Самата помисла, BMW против Aston Martin, прави кожата да се наежи.
Откако во понудата на Bentley Continental GT ќе влезе и верзијата со мотор V8, стотината негови потенцијални купувачи веројатно нема веднаш да ја сменат навиката за марката, но сосема е сигурно дека барем на еден момент ќе бидат свесни за постоењето на серијата 8 на BMW. Нивниот Bentley, во секој случај веќе подолго време е Porsche или Audi, одгледан со британски манири.
Тука има уште потесен круг купувачи, отколку за лимузините од највисоките класи, и секако, отколку за теренците од најтешките класи. Овие автомобили се за уживателите во возењето, за познавачите. Ferrari, ним им е премногу лесен избор. Ако има проблем со цената од околу 130.000 евра за BMW M850i xDrive, тој наскоро ќе биде надминат. Потврдено е дека серијата ќе биде крунисана со вистински модел M GmbH, со M8, со далеку над 600 КС. Со соодветна цена, исто така. Но, и списокот на дополнителна опција за серијата 8, или данокот за автомобилскиот гурманлак, остава доволно простор да се достигнат 200.000 евра.
Може и уште поекстремно од редовите на BMW: Rolls-Royce Wraith, или неговата верзија Black Badge, за околу 350.000 евра. Металик веројатно не е вклучен во цената.
BMW M850i xDrive
Наследникот на раскошниот гран-туризмо од 1990-те, когошто политичките и економските кризи го спречија да го достигне зенитот, во форма на М8 или слична креација. Во BMW нагласуваат дека купето од серијата 8 не е луксузен гран-туризмо, како првиот „850i“, туку е чистокрвна спортска машина. Моторот V8 доаѓа од M550i, но со 530 место со 462 КС и со 750 место со 650 њутнметри.
Кај последните генерации суперспортски болиди, од типот на McLaren 720S, компромисот е сé помал. Врвните возни својства денес не се постигнуваат само со беспоштедно тврдо подвозје, неудобно седење и апсолутна неприменливост во секојдневието. Иако, вистинскиот расен суперспортист на BMW, повеќе го гледаме во i8.
Почеток на продажба ноември 2018, цена 125.700 евра (сите цени се однесуваат на германскиот пазар)
Мотор: V8, битурбо, 4395 ccm, 530 КС, 750 Nm
Погон: На сите тркала, автоматски менувач со 8 степени
Димензии: 4851 х 1902 х 1346 mm
Празно возило: 1890 kg
Перформанси: Vmax 250 km/h, 0-100 km/h за 3,7 s
Потрошувачка, просек: 10,5 L
Aston Martin Vantage Coupe
Почеток на продажба мај 2018, цена 154.000 евра
Мотор: V8, битурбо, 3982 ccm, 510 КС, 685 Nm
Погон: Назад, автоматски менувач со 8 степени
Димензии: 4465 х 1942 х 1273 mm
Празно возило: 1530 kg
Перформанси: Vmax 314 km/h, 0-100 km/h за 3,6 s
Потрошувачка, просек: 10,5 L
Bentley Continental GT
(Моментно се нуди само во верзија со мотор W12; Наскоро се очекува и изведба со V8, со цена пониска за околу 20.000 евра; Податоци за W12)
Почеток на продажба март 2018, цена 198.492 евра
Мотор: V12, битурбо, 5950 ccm, 635 КС, 900 Nm
Погон: На сите тркала, менувач со двојна спојка со 8 степени
Димензии: 4850 х 1966 х 1405 mm
Празно возило: 2244 kg
Перформанси: Vmax 333 km/h, 0-100 km/h за 3,7 s
Потрошувачка, просек: 12,2 L
Lexus LC 500
Почеток на продажба јуни 2017, цена 99.200 евра
Мотор: V8, 4969 ccm, 477 КС, 540 Nm
Погон: Назад, автоматски менувач со 10 степени
Димензии: 4770 х 1920 х 1345 mm
Празно возило: 1960 kg
Перформанси: Vmax 250 km/h, 0-100 km/h за 4,7 s
Потрошувачка, просек: 11,5 L
Maserati GranTurismo Sport
Почеток на продажба јули 2017, цена 127.220 евра
Мотор: V8, 4691 ccm, 460 КС, 520 Nm
Погон: Назад, автоматски менувач со 6 степени
Димензии: 4910 х 1915 х 1353 mm
Празно возило: 1880 kg
Перформанси: Vmax 299 km/h, 0-100 km/h за 4,8 s
Потрошувачка, просек: 14,3 L
Mercedes-Benz S 560 Coupe
Почеток на продажба август 2018, цена 128.121 евра
Мотор: V8, битурбо, 3982 ccm, 469 КС, 700 Nm
Погон: Назад, автоматски менувач со 9 степени
Димензии: 5032 х 1899 х 1414 mm
Празно возило: 2075 kg
Перформанси: Vmax 250 km/h, 0-100 km/h за 4,6 s
Потрошувачка, просек: 9,8 L
Mercedes-AMG GT S
Почеток на продажба јули 2018, цена 136.856 евра
Мотор: V8, 3982 ccm, 522 КС, 670 Nm
Погон: Назад, менувач со двојна спојка со 7 степени
Димензии: 4544 х 1939 х 1287 mm
Празно возило: 1645 kg
Перформанси: Vmax 310 km/h, 0-100 km/h за 3,8 s
Потрошувачка, просек: 11,5 L
Polestar 1
Почеток на продажба октомври 2019, цена 155.000 евра
Мотор (плагин-хибрид): R4, турбо и механички компресор, 2000 ccm, системска моќност 600 КС, системски вртежен момент 1000 Nm
Погон: На сите тркала, автоматски менувач со 6 степени
Димензии: –
Празно возило: –
Перформанси: –
Досег со полна батерија (34 kWh): Околу 150 km
Porsche 911 Carrera Coupe 4S PDK
Почеток на продажба март 2017, цена 133.103 евра
Мотор: B6, битурбо, 2981 ccm, 450 КС, 550 Nm
Погон: На сите тркала, менувач со двојна спојка со 7 степени
Димензии: 4499 х 1852 х 1298 mm
Празно возило: 1585 kg
Перформанси: Vmax 308 km/h, 0-100 km/h за 3,6 s
Потрошувачка, просек: 8,5 L