171
54 shares, 171 points

Светска премиера на освежената серија 7 на BMW во Шангај и најава за локално производство на X2. Кинескиот пазар има се поголемо значење за баварската марка, а тоа почнува да се забележува и во изгледот.

Сé додека половина од светската продажба на најпретставителниот модел на BMW отпаѓа на кинескиот пазар, купувачите и фановите од останатите пазари немаат право да го критикуваат изгледот на освеженото моделско годиште на серијата 7. Тоа би бил заклучокот откако господската лимузина денес ја доживеа својата светска премиера во Шангај, а паралелно со чинот, и менаџерите најавија производство на СУВ-хитот X2 во Кина.

Веќе неколку седмици, откако нестрплив дилер објави фотографии од гигантските бубрези на новата седумка на инстаграм, автомобилската сцена се шегува на сметка на изгледот на големиот BMW. Од денес, веќе нема причина да се исмева престижната лимузина. Големите бубрези што ја претставуваат маската на автомобилот се точно одмерени според вкусот на кинеските купувачи. Таму особено се ценат статусните симболи, а бубрезите на BMW се токму тоа. Би рекле, автомобилско фенг-шуи.

Шефот Харалд Кригер дополнително го нагласи енормното значење на тамошниот пазар за натамошниот раст на вкупната продажба на BMW: „За 2019 година имаме цел да продолжиме со солидниот раст на продажбата во Кина. Локално произведуваниот BMW X3 најмногу придонесува за нашиот раст.“ Затоа, нема повеќе шегување со изгледот на освеженото моделско годиште на серијата 7 на BMW, а веројатно и на останатите моделски серии што ќе го следат примерот – од истите причини.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Концернот од Минхен лани продал една четвртина од својата продукција во Кина, кадешто пазарот пораснал за осум проценти, на преку 640.000 возила. Фабриката во Шенјанг е најголема во прозиводствената мрежа на баварците и нејзиниот капацитет наскоро ќе се зголеми на 650.000 возила годишно.

Два нови развојни центри на BMW во Кина

BMW X2 е седмиот модел на концернот, што се произведува во Кина. Во следната година таму ќе стартува и производството на електричниот BMW iX3, кој ќе се извезува на светските пазари. Во минатите месеци BMW отвори два центри за развој и истражување, во Пекинг и во Шангај. Целта е на тој начин да се исцрпи огромниот потенцијал на кинескиот пазар, како и да се развијат технологии и производи, коишто ќе им нудат повисока вредност на купувачите низ целиот свет. Кинеските развојни центри ќе му донесат на BMW предност во електрификацијата, автономното возење, конективноста и услугите за мобилност.

Освен од лимузината од серијата 7, BMW очекува кинескиот пазар да покаже голем интерес и за моделите од новата серија 8, како и за големиот теренец X7. Последниов, инаку, исто така е впечатлив со масивните бубрези како маска на возилото.

BMW вложува 200 милиони евра во производството на електричниот i4

Хибриден BMW 330e како посебна гордост на баварците

Новиот BMW X5 стартува со продажба во Македонија

Шеста генерациска смена за серијата 3 на BMW


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
54 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *