140
21 shares, 140 points

Малите деца сакаат да бидат пилоти, полицајци или фудбалери, и сакаат нивниот татко да вози BMW тројка. Тоа е малку прегруба драматизација, но помага точно да се стекне претстава каде е местото на серијата 3 на BMW

Според значењето што овој автомобил го има за целата сцена, годинава би требало да се води како година на серијата 3 на BMW. Поточно, година во којашто пристига нова, седма генерација на моделската серија од средната класа на BMW. Многу работи се нови, некои и револуционерни. Во новата тројка, за првпат ќе биде достапна и М-верзија со дизел мотор. За првпат, серијата 3 на BMW ќе има и „батериска“ верзија.

Развивана под интерната ознака G20, новата тројка не остава простор за сомнеж дека тоа е најпродавана моделска серија на Минхен и дека е еден од столбовите што го држат „четирицилиндарецот“ на Петуелринг. Сериското производство започнува веќе во септември.

Нема потреба од дизајнерска револуција во новата серија 3 на BMW

Иако „тројката“ уште е маскирана за пред јавноста, се забележува дека нема драстични промени во дизајнот. Сé е како што треба: Долга и ниска хауба, тенки столбови, куси каросериски превиси, кус опаш, препознатливиот мајсторски зафат во задниот прозорец, кабина што „влече“ наназад. Големи отстапки нема да се случат ниту во димензиите.

Освежувањата во кокпитот вообичаено пристигаат во форма на поголеми и побројни дисплеи, побрзи процесори и нови функции. Во случајот на BMW, тоа значи нова генерација на iDrive и нова „графичка карта“, којашто е развиена од Harman Kardon. Таа ќе овозможи и ракување со одредени функции преку поглед, во некој подоцнежен датум.

Нова серија 3 на BMW (G20) 6

Останатите нови таленти остануваат сокриени од погледот: Говорни команди кои учат, мрежно обновување на софтверот, активирање различни кориснички профили и пристап до збирните податоци на Open Mobility Cloud коишто се важни за безбедноста.

Тежиштето е за 10 милиметри пониско во споредба со претходната генерација, додека распределбата на тежината е во совршениот сооснос 50:50. Значително се скрутени подрачјата на каросеријата и околу врските на подвозјето, коишто најмногу влијаат врз управувањето и врз пренесувањето на звуците од подвозјето. Ширината на трагата на предната и задната оска е значително зголемена, а дополнително е зголемена и наклонетоста на тркалата. Од тоа може да се очекува уште поагилно подвозје.

Нова серија 3 на BMW (G20) 1

Нови амортизери кои во основа реагираат помеко на мали нерамнини и погрубо кога нерамнините се подлабоки: Тоа внесува покомфорна нота во возењето, без жртвување на возната динамика

Новата серија 3 на BMW нема пневматска амортизација, активно спречување на наведнувањето на каросеријата и управување на задната оска, но затоа ги има сите актуелни системи за асистенција – и иновација во подвозјето. Првпат во BMW се вградуваат амортизери чијашто тврдост се менува во зависност од одот. Придобивката е во тоа што се задржуваат спортските својства, но амортизацијата работи покомфорно во споредба со претходникот.

Во понудата од погонски единици доминира темелно преработен четирицилиндарски бензинец. BMW го најавува како свој најсилен четирицилиндарец досега. Потрошувачката и покрај тоа е пониска за околу 5 проценти, вклучувајќи го и придонесот од усовршениот 8-степен Strptronic. Филтер за честички гареж се вградува стандардно, за моторот да ја исполнува нормата Euro 6d-Temp.

Нова серија 3 на BMW (G20) 5

Во моделската верзија 330i, преработениот турбо-дволитарец располага со 260 КС и 400 њутмнетри (+50 Nm). Бидејќи тежината на возилото е пониска до 55 килограми, перформансите ќе бидат уште поубедливи отколку кај претходникот.

Првпат во серијата 3 ќе има дизел со „М“ во ознаката. BMW M340d xDrive ќе вози со трилитарски шестцилиндарец со 320 КС и 680 њутнметри. Како преодно скалило до M3 ќе послужи M340i xDrive со 360 КС – воедно и како противотров за C 43 и S4. Погон на сите тркала по пример на M5 ќе добие и новиот M3, но за неговите 462 КС и 570 њутнметри ќе треба да се почека до 2020 година.

Мрежа од 48 волти, компресор со електричен погон, стартер-генератор, електрична верзија

Шампион за штедење ќе биде 320i EfficientDynamics со 180 КС и 260 Nm, кој дури и според новата норма WLTP ќе прикажува фабричка потрошувачка со четворка пред запирката. Трицилиндарецот од 1,5 литар може да се очекува во 318i, со 140 КС и 220 њутнметри. Верзија 316d повеќе нема да се нуди во серијата 3.

Решавачка иновација во погонската спрега е воведувањето на 48-волтниот систем и на „благиот“ хибриден погон. Стартер-генераторот ќе испорачува дополнителни 20 КС и 20 њутнметри, при поаѓање и посилно забрзување. Батеријата од хибридниот погон ќе ги снабдува со струја помошните агрегати и компресорот со електричен погон.

Нова серија 3 на BMW (G20) 4

Плагин-хибридниот модел со оваа техника би требало да стартува дури по една година, што значи во септември 2019. BMW 325e iPerformance ќе комбинира бензинец со 150 КС и електромотор со 110 КС, за системски 230 КС. Уште не е потврдено дали и во новата генерација ќе постои 330e со 282 КС.

Комплетно нов ќе биде моделот со погон само на струја. Електричниот погон ќе се вградува во GT, како и во Gran Coupe од серијата 4. Стартот на овие верзии може да се очекува во 2021 година, со моќност од 350 КС и капацитет од 65 kWh. По еден електромотор ќе работи на предната и на задната оска, секој со посебен систем за ладење, додека литиум-јонската батерија ќе се полни и безжично, по пат на индукција.

Полуавтономното возење веќе станува реалност и во серијата 3 на BMW

Меѓу системите за асистенција се издвојува помошта при возење во колона во застој, којашто во почетната фаза ќе функционира до 60 km/h и ќе може да изведе престројување во соседната лента, по барање на возачот или автоматски. Далечинското паркирање како кај серијата 7 станува достапно и во тројката. Повеќето системи ќе може да добијат нов софтвер преку интернет.

Во поглед на подвозјето, новата серија 3 е практично смалена верзија на серијата 5, исклучувајќи го системот за спречување на наведнувањето на каросеријата. Стандард кај сопирачките е интегриран засилувач на дејството IBC, којшто е преодна фаза кон електромеханички систем за сипирање. Електриката во системот побрзо го зголемува притисокот и на тој начин го скусува патот на сопирање.

Нова серија 3 на BMW (G20) 3

Многубројни зафати се преземени со цел да се надминат возните својства на претходникот, кои веќе беа врвни. Новото спортско подвозје М, на пример, ќе се нуди исклучиво во комбинација со варијабилно спортско управување, што значи со променлив преносен однос. Управувањето работи попрецизно и при мали движења на воланот, а отстранета е и нервозната реакција во неутралната положба на воланот.

Нова серија 3 на BMW (G20) 2

Во BMW имаат голема доверба и во електронски регулираниот спортски диференцијал во задната оска, кој е вмрежен со DSC и во основа помага да се надмине подуправувањето или надуправувањето, уште пред да биде потребно да се вклучи контролата на стабилноста.

Објавувањето на фотографиите и на неколку основни информации е само почетокот од воведувањето на новата серија 3 на BMW. Вистинското откривање допрва следи.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
21 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743