134
24 shares, 134 points

Седум генерации и шест усовршувања и надградувања на тоа што било совршено при секоја премиера. Тоа е само уште едно гледиште на автомобилот што светот го познава како серијата 3 на BMW. Тука ништо не е просечно

Настанот е позначаен од повеќето останати премиери на салонот во Париз, затоа без спектакуларни воведи: BMW ја претстави новата генерација на серијата 3, со фабричката ознака G20. Модуларната платформа CLAR е заедничка со поголемите модели од сериите 5 и 7. Тоа го олеснува вдомувањето на техниката од овие серии во моделот од средната класа на баварците. Притоа, под „техника“ повеќе не се подразбираат само погони, менувачи и оски, туку првенствено системи за асистенција и за конективност.

Секој петти продаден BMW потекнува од серијата 3

Новата серија 3 првпат се појавува пред јавноста токму во Париз, а испораките ќе стартуваат кон крајот на март в година. Бубрезите пораснаа, исто како и кај многуте останати новитети што се појавија под логото на BMW во мошне куса временска рамка. На дизајнерите им е исто толку тешко, колку на техничарите, кога треба да се развие нова генерација на модел, особено модел од серијата 3. Тие во секој случај постигнале новиот модел да се разликува од претходникот (од серијата 5, исто така), а воедно да се распознава како модел од серијата.

Премиера на серијата 3 на BMW (G20) 19

Предните светла се широки и директно се спојуваат со хромираната рамка на бубрезите. Хаубата сега се втопува со светлата и не создава дополнителен раб. Препознатливиот лак на задното стакло исто така е изведен поинаку и има добиено украсен елемент. „Навиката“ задните светла да се огрдуваат, како еден вид заштитна мерка за поголемиот и поскапиот модел, во случајов серијата 5, кај BMW повеќе не е присутна. Фановите ќе ги подигнат палците за тоа. Истото ќе се случи и за издувните цевки: Во G20, тие не се само за украс.

Серијата 3 на BMW не мора да додава сантиметри за да се издвои од конкуренцијата

Каросеријата мери 4,71 метри во должина, што е за 8,5 сантиметри повеќе. Раст има и во ширина (+16 mm), но тоа што ќе влијае директно врз возните својства е проширената трага на тркалата. Плусот изнесува 43 mm на предната оска и 21 mm назад. Меѓуоскиното растојание порасна за четири сантиметри, на 2,85 метри. Патниците на задната клупа ќе се радуваат од тоа, возниот комфор исто така. Багажникот не го смени волуменот (480 литри), исто како и висината (само +1 mm).

Премиера на серијата 3 на BMW (G20) 27

Средишната конзола е завртена седум степени кон возачот. Арматурната табла е пречистена од неколку прекинувачи, но не до ниво на Tesla. Со климата и радиото се ракува преку таканаречен дигитален личен асистент, меѓутоа класичните команди не се отстранети. Кокпитот во целина е поедноставен, со поголем нагласок на впечатокот за ширина.

Бирачот на автоматскиот менувач и контролерот за iDrive се поставени на заедничка подлога, како кај сите останати нови модели на BMW. Пред менувачот е голема и затворена преграда, за сместување на телефонот, со можност за индуктивно полнење и безжично поврзување преку Apple CarPlay. Највпечатливата промена во кокпитот е дигиталната табла со инструменти од 12,3 инчи и средишниот дисплеј на допир, со пречник од 10,2 инчи, како дел од опционалниот пакет Live Cockpit Professional.

Премиера на серијата 3 на BMW (G20) 30

Новата тројка ги поседува сите замисливи и незамисливи системи за асистенција, но BMW не инсистираше на пневматска амортизација, активно спречување на наведнувањето на каросеријата или на управување на задната оска. Купувачите имаат избор од спортско или приспособливо подвозје, со поширок дијапазон меѓу спортски крута и комфорна амортизација. Новитет се таканаречените амортизери H-Stop, коишто имаат функција да го спречуваат клатењето на каросеријата со точно одредени притискачки и повратни одови.

Сега и тројката реагира на „Eј, BMW“

Спомнатиот дигитален личен асистент во основа е можност за командување со функциите во возилото преку нормален говор, без потреба од помнење на точните фрази за вклучување на одредена функција – слично како кај Mercedes A-Class. За оваа говорна врска да функционира, сепак е потребно да се доплати за Live Cockpit Professional, односно за дигитални инструменти и голем средишен дисплеј. Стандардно следуваат класични инструменти, со дисплеј од 5,7 инчи за патниот компјутер и средишен дисплеј на допир, од 8,8 инчи.

Премиера на серијата 3 на BMW (G20) 24

Новата серија 3 на BMW е стандардно опремена диодни предни светла. На списокот на опции се приспособливи диодни светла или ласерски светла. Во комбинација со спортско подвозје – секако со печат од M GmbH – може да се доплати и за спортски диференцијал, спортски сопирачки, спортски седишта. За возачите што сакаат целосна комоција – и спектакли за публика – асистенцијата за паркирање ги помни последните 50 извозени метри, коишто возилото ги следи автоматски при враќање наназад, заради олеснување на работата за возачот.

Понудата од погонски единици во почетокот се состои од пет мотори. Два се бензински, дволитарски, турбо, со 184 КС во BMW 320i и 258 КС во BMW 330i. Три се дизели: 318d со 150 КС, 320d со 190 КС и 330d со 265 КС. Последниот е нов шестцилиндарец од три литри. Осумстепен автоматик од ZF е стандард, освен во 318d и 320d. Дизелот со 190 КС може да се добие во варијанта со погон на сите тркала. Оваа опција подоцна ќе стои на располагање и со други мотори. Во следното лето пристига плагин-хибридот BMW 330e со електричен досег до 60 километри, како и „блага“ М-варијанта M340i со 374 КС и погон на сите тркала. Понудата ќе ја заокружи 1,5-литарскиот турбо-трицилиндарец со 140 КС во BMW 318i.

Премиера на серијата 3 на BMW (G 20)

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Личи како BMW да има нова серија 3

Posted by Automedia.mk on Tuesday, October 2, 2018

BMW ги советува вработените да доаѓаат со е-велосипед

На овој BMW Z4 само небото му е граница

Хибридниот BMW X5 вози 80 километри на струја

Ортопед му препишал на германски политичар да се вози во BMW серија 7

Споредбен тест меѓу Audi A6, BMW серија 5 и Volvo S90 на АУТО БИЛД


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
24 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743