за

BMW со салонско деби на серијата 7 и со армада хибриди

bmw serija 7_zeneva

BMW имаше мошне активен период претходно и изостанаа важни премиери за Женева. Но, не може без ништо. Серијата 7 првпат се појави под салонски рефлектори, а претставени се и многубројни моделски изведби со плагин-хибриден погон.

По неколку недели од светската премиера, освеженото моделско годиште на серијата 7 првпат се појави пред публика на голем автобилски салон. BMW го искористи салонот во Женева да ги претстави и новите модели со четвртата генерација на плагин-хибридниот погон.

  • BMW X3 xDrive30e · 252 КС · 0-100 km/h: 6,5 s · Досег на струја 50 km; Потрошувачка 2,4 l/100 km
  • BMW 745e, BMW 745Le, BMW 745Le xDrive · 394 КС · 0-100 km/h: 5,3-5,1 s · Досег на струја 50-58 km; Потрошувачка 2,6-2,1 l/100 km
  • BMW 330e · 252 КС · 0-100 km/h: 6,0 s · Досег на струја 60 km; Потрошувачка 1,7 l/100 km
  • BMW X5 xDrive45e · 394 КС · 0-100 km/h: 5,6 s · Досег на струја 80 km; Потрошувачка 2,1 l/100 km
  • BMW 530e · 252 КС · 0-100 km/h: 6,2 s · Досег на струја 64 km; Потрошувачка 1,7 l/100 km
  • BMW 225xe Active Tourer · 224 КС · 0-100 km/h: 6,7 s · Досег на струја 57 km; Потрошувачка 1,9 l/100 km
New photo by Automedia MK / Google Photos

Највпечатлив дел кај новото моделско годиште на серијата 7 секако се бубрезите кои се 50 mm повисоки и за 40% зголемени, во комбинација со потенки светла. Формата на хаубата е нова, исто како и браникот. Неколку промени следат и во внатрешноста, а новитет во стандардниот пакет од системи за асистенција е помошта при излегување во рикверц.

Понудата од мотори се состои од V12, кој сега поседува филтер за честички, од нов бензински V8 и три дизели со традиционалните шест цилиндри во линија. На тоа, сега сосем вообичаено, се надоврзува и новиот плагин-хибрид.

BMW X3 како прв модел на баварците ќе биде достапен со обични мотори, плагин-хибриди и електричен погон

Светска премиера има BMW X3 xDrive30e, како најава за претстојното воведување на новите плагин-хибриди во целата моделска гама на марката. Од следната година, X3 ќе биде достапен и во изведба со погон на струја.

BMW казнет поради погрешно вчитан софтвер

BMW i3 по супертестот на 100.000 километри во АУТО БИЛД

BMW M3 паузира, но затоа има за првпат BMW X3 M

Електричниот BMW iNext на екстремно тестирање во Поларниот круг

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo_V60_demo-premium-ags-makedonija

Volvo V60 достапен како демо возило во салонот во Скопје

Lamborghini Aventador SVJ Roadster

Lamborghini Aventador SVJ Roadster побрз од честичките ПМ10