138
23 shares, 138 points

BMW расте на сите пазари, теренецот X3 постигнува огромен напредок, повеќе од 70.000 електрични возила се испорачани од почетокот на годината

Продолжува да расте продажбата на BMW на глобално ниво. Во минатиот месец се продадоа повеќе возила отколку во било кој јули досега. Од трите марки во концернот, матичната BMW, Mini и Rolls-Royce, продадени се 181.051 возила. Сметано од почетокот на годината, вкупната бројка изнесува 1.423.565 возила или за 1,6% повеќе отколку во истиот период лани.

За 40% зголемена продажбата на батериски и плагин-хибриди на BMW и Mini

Не е изненадување тоа што голем дел од продажбата отпаѓа на Х-моделите. Заслуга за растот има и зголемувањето на локалните погони за монтажа на BMW X3 во Кина и во Јужна Африка. Во BMW сепак се гордеат најмногу на тоа што пазарот и натаму се интертесира за моделите со електрифицирана погонска спрега, односно за „батериските“ и плагин-хибридните модели. Растот во продажбата на BMW i, BMW iPerformance и MINI Electric од почетокот на годинава е повисок од 40 проценти.

Луксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно

Со 71.310 електрични возила од почетокот на годинава (+40,6%), односно со 10.649 возила со електрифицирана погонска спрега само во јули (+30,9%), BMW е водечки производител на електрични возила во премиум сегментот

Дополнителен поттик за „електричарите“ на BMW пристига од Кина, кадешто напредува продажбата на плагин-хибридите од серијата 5, кои се произведуваат локално. Конкретно на најголемиот пазар за групацијата BMW (и за повеќето останати), продажбата на електрифицирани возила се зголемила шестпати.

Од јануари до јули, преку 8.000 кинески возачи се подновиле со модел на BMW што користи батерија во погонот. Други големи пазари за електричниот погон се САД (13.874 возила во првите седум месеци, раст од 39,5 проценти) и Велика Британија (9.923 возила / +34,3%).

Од матичната марка BMW, во јули се продале 154.531 возила, односно вкупно 1.213.833 возила од почетокот на годинава. Само на серијата 5 отпаѓаат 221.732 возила. Mini постигнал вкупно 207.675 продажби годинава. Знакот на BMW го носат и 101.839 нови мотоцикли продадени досега.


,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
23 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743