за

BMW продаде над 300.000 хибриди и електромобили

BMW prodazba septemvri i3

Баварците ги објавија продажбите за септември, сите регистри најавуваат уште една одлична година за BMW. Бројките за плагин-хибридите и електромобилите ќе зачудат многумина

Трите автомобилски марки од групацијата BMW во првите три квартали од годинава забележале 1.834.810 продажби или за 1,3% раст во споредба со лани. Баварската марка го мина септември веројатно со најмалку последици од преоѓањето на новата норма WLTP од сите конкуренти. За минатиот месец, статистиката прикажува 237.781 продадени возила или само 0,8% под истиот месец лани.

Плагин-хибридите и електромобилите на BMW имаат раст од 40% во првите девет месеци

Моделите со електрифицирана погонска спрега – плагин хибридите и „батериските“ возила – продолжуваат да бележат зголемување во продажбата. Во септември е постигната дури и рекордна испорака на овие модели. Извесно е дека BMW ќе ја надмине поставената цел, годинава да продаде 140.000 возила со плагин-хибриден погон или чисто електричен погон.
Од моделите на BMW i, BMW iPerformance и MINI Electric, во минатиот месец се продале 14.559 примероци глобално. Тоа е за 35% над ланскиот септември. Од почетокот на годинава, растот изнесува дури 42%, со вкупно 97.543 „електричари“.

BMW ја задржува позицијата на водечка премиум марка меѓу возилата со електрифицирана погонска спрега

Откако BMW i3 старуваше во 2013 година како прв модел со електрифицирана погонска спрега, марката досега има испорачано над 313.000 возила од оваа категорија. На салонот во Париз беа претставени новите BMW i3 и BMW i3s, со батерија со ќелиски капацитет од 120 Ah. Тоа донесе 30-процентно зголемување на досегот. Во реални услови на возење, новиот i3 постигнува досег до 260 километри. Во 2020 година, компанијата планира да достигне продажба од половина милион возила со електрифицирана погонска спрега. Пет години подоцна, моделската понуда треба да опфаќа 25 возила од оваа категорија, од кои дури 12 ќе возат само на батерија.

Премиера на серијата 3 на BMW (G20) 14_n
Новата серија 3 имаше премиера на салонот во Париз

На ниво на марка, во септември се продадени 200.710 возила (+0,8%) на BMW, односно вкупно 1.566.216 возила (+1,9%) во првите девет месеци. Главните двигатели во продажбата се серијата 5 со 286.180 примероци (+14,9%) и BMW X3 (132.478 примероци, +15,3%). Отпочнувањето со локално производство на X3 во Кина и Јужна Африка, покрај матичната продукција во САД, доведе до значително зголемување на продажбата на СУВ-моделот на баварците.

Кај Mini има мало опаѓање во продажбата до септември, со 265.935 возила (-2,0%). Третата марка во групацијата е Rolls-Royce, чијашто испорака на возила годинава пораснала за 13,5%, со вкупно 2.659 возила. Пазарот реагира одлично на „спортските“ варијанти Black Badge од моделите Dawn, Ghost и Wraith. Луксузниот теренец Culinan дури од почетокот на следната година ќе почне да носи драстичен раст во продажбата на Британците. Тефтерите со нарачки се исполнети речиси до крајот на годината. Мотоциклите на BMW имаат 126.793 продажби за девет месеци (-0,8%).

Европа останува најголем пазар за групацијата, со 815.460 возила до септември, пред Азија со 637.299 возила (само Кина: 459.629 возила, +5,3%) и Америка со 335.369 возила (само САД: 259.258 возила, +1,7%).

Шеста генерациска смена за серијата 3 на BMW

На овој BMW Z4 само небото му е граница

Луксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf 1.6 TDI Test 047_eN

Тест: Volkswagen Golf 1.6 TDI Trendline

АУТО БИЛД КЛАСИК класичари на годината 2018

Читатели на АУТО БИЛД КЛАСИК избираа олдтајмер на годината