за

Продажбата на BMW во минус, сите надежи во новата „тројка“

bmw prodazba fevruari

По слабиот пазар во јануари, испораките на BMW забележаа мал пад и во февруари, што во најголем дел се должи на генерациската смена на серијата 3.

Во вториот месец од годинава, од марките BMW, Mini и Rolls-Royce се испорачани вкупно 171.501 во светот (-4,1 проценти). Во јануари и февруари, вкупно се продадени 341.977 возила или 1,9 процент помалку отколку во првите два месеци лани.

Само од марката BMW се продадени 297.640 возила (-2,0 проценти) во двата месеци. Поради моментната генерациска смена е намалена продажбата на серијата 3, којашто учествуваше со 13 проценти во вкупната продажба на модели од марката BMW лани. Падот во продажбата на „тројката“ за двата месеци изнесува 13,4 проценти (вкупно 37.232 возила). Сите моделски изведби во серијата 3 ќе бидат достапни во второто тромесечје.

Mini е во мал пад со 23.068 продадени возила (-1,1 процент) во февруари, односно вкупно 43.644 возила (-1,4 процент) за два месеци.

Продажбата на мотоцикли продолжува да врви одлично, со раст од 5,6 проценти или вкупно 19.675 продадени примероци во јануари и февруари на светскиот пазар.

BMW со салонско деби на серијата 7 и со армада хибриди

BMW i3 по супертестот на 100.000 километри во АУТО БИЛД

BMW M3 паузира, но затоа има за првпат BMW X3 M

Електричниот BMW iNext на екстремно тестирање во Поларниот круг

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

agresivno odnesuvanje soobrakaj

Нервозата зад воланот само ја зголемува опасноста од незгода

Најпродавани лимузини во Германија

Најпродавани лимузини од средната класа во Германија