за

Сега и моторите на BMW добија радарски темпомат

Сега и моторите на BMW добија радарски темпомат
Сега и моторите на BMW добија радарски темпомат

BMW наскоро ќе понуди активeнтемпомат и во своите мотоцикли. Радарскиот темпомат е развиен во соработка со партнерот Bosch.

Системот ACC автоматски ја смалува брзината на возење, кога напред има побавно возило, по што одржува безбедно растојание од него, зависно од степенот што претходно ќе го одреди возачот. Растојанието и брзината на возење може да се местат во три посебни степени.

ACC може да се намести да работи комфорно или динамично, при што соодветно се менуваат степенот на забрзување или забавување. Системот за одржување на растојанието може и да се деактивира и темпоматот да се користи класично.

При возење во свијоци, ACC автоматски ја смалува брзината и обезбедува комотно навалување на мотоциклот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најбезбедносниот автомобил во светот со нов стил Mercedes-AMG GT R F1

Најбезбедносниот автомобил со нов стил: Mercedes-AMG GT R F1

Audi ќе постави 38 полначи на тренинг-стадионот на Баерн

Audi ќе постави 38 полначи на тренинг-стадионот на Баерн