за

Продажна трка на премиум-гигантите: BMW во плус, Mercedes уште повеќе

bmw x3 planina
bmw x3 planina

BMW постигна рекордна продажба во минатиот месец, но разликата со Mercedes продолжува да расте. На ниво на концерн, двата производители солидно надминуваат два милиони возила.

Благодарение на значителниот раст во Кина и во САД, производителот на премиум автомобили BMW продаде повеќе возила во октомври. Концернот од Минхен продаде 204.295 возила на светскиот пазар, што е за 1,7 процент повеќе од истиот месец лани. Европскиот пазар сепак е во пад, со 3,1 проценти.

BMW меѓу другото профитираше и од континуираниот пораст во продажбата на СУВ-моделите. Додека матичната марка BMW во октомври постигна плус од три проценти, британската марка Mini забележа пад од 6,2 проценти. Позитивни резултати има и кај електричните автомобили, чијашто продажба се зголеми за 8,6 проценти. Директорот за продажба Питер Нота очекува концернот до крајот на годината да постави натамошни рекорди.

Во периодот од јануари до октомври, испораките на возила од марките BMW, Mini и Rolls Royce достигнаа 2,07 милиони возила. Тоа претставува раст од 1,7 процент

Марката BMW со 176.000 испораки во октомври, сепак заостанува зад конкурентот Mercedes. Производителот од Штутгарт и лидер на светскиот пазар на премиум возила, во октомври продаде 199.300 автомобили. Зголемувањето на продажбата кај Mercedes достигнало дури пет проценти. Од јануари до октомври, марката BMW продала 1,78 милион возила на светскиот пазар (+2,3%), додека Mercedes во истата временска рамка постигнала 1,9 милион продажби, што е само еден процент повеќе од истиот период лани.

Mercedes го најавува осмиот A-Class: Кросоверот GLA премиерно на 11-ти декември

Mercedes GLB
Mercedes GLB

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Zoe 200k Flins

Renault произведе 200.000 примероци од електричниот Zoe

Renault Espace 2020

Renault Espace: Освежување за најпрестижниот француски автомобил