188
27 shares, 188 points

Mercedes и BMW прикажуваат моќни машини на салонот во Женева, но токму тие ги обезбедуваат парите што се потребни за развој и производство на модели со електричен погон. Како што во иднина ќе расте продажбата на скапите купе-лимузини како AMG GT или M8, така ќе расте и бројот на модели со погон на струја во понудата.

На штандовите на Mercedes и BMW во Женева може да се стекне впечаток дека производителите одненадеж се откажале од своите автомобили со нулта емисија на штетни материи. Mercedes-AMG ја прикажува верзијата со четири врати од тркачкото купе GT, додека кај BMW се прославува идното суперкупе од серијата 8, вообичаено во манирот на Баварците, преку неговата М-верзија. Во обата случаи, моторите располагаат со далеку над 600 КС и испуштаат најмалку двапати повеќе стакленички гасови од лимитот на ЕУ во 2021 година.

Mercedes-AMG GT 4 vrati 3

Но, токму овие автомобили со „тешки“ осумцилиндарци се најважни за натамошното напредување кон ерата на чистиот електричен погон. Со цени далеку над 100.000 евра, тие едноставно им ја полнат касата на премиум-марките, а тие пари се неопходни за развој и производство на електрични и други автомобили со нулта емисија на штетни гасови.

Mercedes-AMG GT 4 vrati 1

Пазарните аналитичари предвидуваат дека во сегментот на престижните и моќни купе-лимузини во иднина ќе се нудат уште повеќе модели, соодветно на растечкиот интерес на пазарот. Сопствениците на спортски и суперавтомобили, како следен избор често се решаваат за попрактична купе-лимузина со семејна функционалност. Затоа, BMW наскоро ќе го нуди престижното купе од серијата 8, коешто ќе се позиционира над актуелното Gran Coupe од серијата 6, а ист е случајот и со Mercedes-AMG GT 4, кој ценовно е над елегантниот CLS.

BMW M8 Concept 2

Производителите се принудени да инвестираат во развој на нови и почисти погонски единици, особено откако политиката почна да става строги ограничувања, па дури и забрани за сообраќај за возилата со дизел мотор. Пазарното учество на дизелот опаѓа драстично, дури и на традиционалните дизел-пазари, како Германија или Франција. Во новонастанатите услови и производителите мораат да вложуваат повеќе во нова погонска технологија.

BMW M8 Concept 3

BMW во следните години ќе претстави голем број нови модели, особено во најскапите сегменти. Заработката од нивната продажба ќе се користи за развој и производство на електрични автомобили. Планот е Баварците до средината на следната декада да имаат цела дузина модели со погон на батерии во својата понуда.

Овој Mercedes прави Panamera да изгледа здодевно

BMW X2 на тест на АДАК Моторвелт

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild

BMW X7 ѕирна од фабричката хала во Спартанбург


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

188
27 shares, 188 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *