149
20 shares, 149 points

BMW M GmbH првпат нуди можност возачот да избира меѓу два различни режими на работа на сопирачките. Секако дека не станува збор за софтверска играчка, туку за комплетно нова технологија. Прв модел со оваа опција ќе биде топ моделот M8, чијашто премиера се очекува наскоро.

BMW M8 ќе понуди нов начин за конфигурирање на системите во погонската спрега и во подвозјето, како и на системите за асистенција. Клучен новитет е можноста за нагодување на работата на системот за сопирање. Тоа значи дека возачите на идните M8 во купе и кабриолет изведба ќе имаат вкупно пет подрачја за дотерување по желба: Моторот, подвозјето, управувањето, распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски – и првпат, сопирачките.

По притискањето на сетап-копчето во средишната конзола се појавува мени во централниот дисплеј, чиишто опции може да се избираат или преку допир на дисплејот или преку iDrive.

  • За моторот се нудат три опции: Еfficient, Sport и Sport Plus
  • За подвозјето се избира меѓу Comfort, Sport и Sport Plus, при што соодветно се менува работата на електронски регулираните амортизери
  • M електромеханичкото управување нуди избор меѓу Comfort и Sport; истите опции важат и за новиот систем за сопирање
  • При исклучена контрола на стабилност, за работата на погонот на сите тркала M xDrive се нуди избор меѓу 4WD, 4WD Sport и 2WD.
New photo by Automedia MK / Google Photos

Може да се меморираат две различни комбинации од сите местења, дополнително вклучувајќи го и звукот на моторот, стратегијатата на менување на степените, чувствителноста на контролата на стабилноста и работата на системот старт-стоп. Овие комбинации може да се вклучат во секое време со притискање на едно од двете копчиња M на воланот.

Нова технологија во системот за сопирање го овозможува изборот на различни режими на работа

Нов систем ги обединува притискањето на педалата, зајакнувањето на силата на сопирање и регулацијата на сопирачките во еден компактен модул. Со овој интегриран систем за сопирање се заштедуваат околу два килограми. Потребниот притисок во системот за сопирање се произведува со помош на електричен активатор. Притисокот се создава побрзо, но и контролата на стабилноста реагира побрзо и попрецизно.

Интегрираниот систем за сопирање овозможува работата на сопирачките да се приспособи според желбите на возачот, со цел да се постигне сигурност при притискањето на педалот во секоја ситуација. Влажната подлога, екстремното странично забрзување или загреаните сопирачки не влијаат врз повратната информација што возачот ја добива на педалот. Тоа овозможува прецизно дозирање.

Уште една иновација е копчето M Mode во средишната конзола

Покрај конфигурирањето преку сетап-копчето, во новиот BMW M8 исто така може да се влијае врз чувствителноста на 8-степениот Steptronic преку копчето Drivelogic на бирачот на степени. Преку посебно копче се избира интензитетот на звукот на моторот. Следната низа опции стои на располагање кај копчето M Dynamic Mode, со когошто се избира прагот на чувствителност на контролата на стабилноста – вклучувајќи и контролирано лизгање.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Како новитет во топ-моделите на BMW M GmbH се појавува копчето M Mode во средишната конзола. Преку него се влијае врз системите за асистенција и врз прикажувањето на информациите во дигиталните инструменти и проекцискиот дисплеј. Покрај опциите Road и Sport, вo M8 Competition постои и Track. Секоја опција влијае различно врз работата на системите за асистенција, односно соодветно ги зајакнува или целосно ги деактивира безбедносните функции како што се активните зафати во сопирачките или импулсите во воланот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Доколку копчето M Mode се задржи притиснато, тогаш се вклучува модусот Track, кој сосем јасно е наменет за тркачка патека. Во тој случај се исклучуваат сите комфорни и безбедносни функции на системите за асистенција и се исклучуваат музиката и средишниот дисплеј, за возачот целосно да се концентрира на возењето. На тој начин, BMW M нуди чувство што е инспирирано директно од тркачките возила на фабричкиот тим.

Спортска лимузина од серијата 8 на BMW влегува во врвната лига

Будимпешта доби 240 возила BMW и Mini за изнајмување на улица

Серијата 3 на BMW прв избор на пазарот на користени

Влатко Стефановски со музичко лого за серијата 3 на BMW


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *