139
19 shares, 139 points

Два модели го заокружуваат врвот на понудата од спортски модели на BMW: Купето и кабриолетот под ознаката M8 возат со 600 КС, односно со плус 25 КС во изведбата Competition.

BMW M8 во купе и кабриолет изведба го добиваат најсилниот мотор во историјата на BMW M GmbH. Осумцилиндарецот со твин-турбо техника, плус со концепт на мотор со високи вртежи, произведува 600 КС во стандардната и 625 КС во изведбата Competition. Погонската спрега ја дополнуваат осумстепен M Steptronic и погон на сите тркала M xDrive.

Подвозјето е развивано со користење на искуствата од мотоспортот и истото располага со огромен потенцијал за возење по тркачка патека. Посебност е новиот систем за сопирање, кој како што објавивме претходно, поседува различни режими на работа – слично како кај управувањето или чувствителноста на моторот. Светската премиера ќе се одржи на настанот NextGen, од 25-ти до 27-ми јуни, во седиштето во Минхен.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Усогласеноста на погонот, подвозјето и аеродинамиката е тестирана на сопствената патека Мирамас/Франција, во зимскиот центар Арјеплог/Шведска, секако на Нордшлајфе, и на уште неколку патеки. Големо влијание доаѓа од тркачкиот BMW M8 GTE. Купето спринтува до сто за 3,3 секунди, на кабриолетот му е потребна десетинка повеќе. Во изведбата Competition, вредностите се скусуваат за една десетинка.

Осумцилиндарец со турбонатполнење кој се врти до 7.200 вртежи може да биде дело само на BMW M GmbH

Двата турбополначи со вообичаената M TwinPower технологија се поставени меѓу двата реда цилиндри на 4,4-литарскиот V8. Горивото се впрскува директно, под притисок до 350 бари. Вртежниот момент достигнува 750 Nm меѓу 1.800 и 5.600 вртежи, а максималната моќност од 600 КС се постигнува при 6.000 вртежи. Лимитерот се вклучува на 7.200 вртежи. Competition додава уште 25 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Белег на BMW M8 е покривот зајакнат со карбон и ги има препознатливите „два меури“ во контурите, инспирирани од тркачките автомобили. Покривот кај кабриолетот се спушта за 15 секунди.

Цената на BMW М8 Competition Coupe во Германија изнесува 168.000 евра, кабриолетот е 8.000 евра поскап.

BMW ќе развива електричен погон заедно со Jaguar Land Rover

Нова серија 1 на BMW: Со сета сила напред

Од BMW Garmish нема трага половина век, BMW го изработи од ново

BMW со поздравно видео за заминувањето на Дитер Цече од Daimler


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *