137
18 shares, 137 points

Конкурентската битка меѓу BMW и Mercedes во последниве години е повозбудлива од холивудски трилер од поновите годишта. Минхен штотуку го најави скорото пристигање на M850i, а веќе има уште еден жежок модел за на сцена. BMW M5 Competition добива плус 25 КС, подиректна реакција на погонската спрега и посебно дотерано подвозје, сé со мирис на тркачка патека.

Моментот на BMW M5 Competition не е во бројот на КС туку е во времето на круг и во уживањето за возачот

Осумцилиндарецот ги ослободува 625-те КС при 6.000 вртежи, додека вртежниот момент од 750 њутнметри се задржува до 5.800 вртежи, односно 200 вртежи подоцна отколку во стандардниот М5. За ефектот од „тјунирањето“ повеќе говори фактот што забрзувањето до сто е скусено на 3,3 секунди, а темпо 200 се постигнува по 10,8 секунди – тоа е три десетинки покусо во споредба со M5.

BMW M5 Competition 2

BMW M5 Competition стандардно доаѓа со спортски издув од M GmbH, со издувни цевки финиширани во црн хром. Со тоа следува и соодветна акустична изведба. Заради новите и построги норми, Competition дополнително поседува и филтер за честички гареж. Да нема забуна, бензинските мотори со директно впрскување под висок притисок исто така создаваат честички гареж, поради бурното и екстремно кусо согорување.

Дури и држачите на моторот се сменети заради подиректна реакција на погонската спрега

Влијание врз возните својства има и примената на посебни држачи за моторот. Тоа не значи друго, освен покрути држачи, коишто овозможуваат моќта на моторот уште подиректно да се пренесе во погонската спрега. „Местењето“ пред свијоци исто така добива на прецизност со оваа интервенција.

BMW M5 Competition 3

Менувачот е 8-степен M Steptroc, со три модуси: Штедлив, спортски и многу спортски. Во погонот на сите тркала M xDrive нема промени, останува и можноста да се префрли на класичен заден погон, без вмешување на „интелигентните“ системи.

Нова геометрија, сменети пружини и амортизери, нови зглобови и лежишта – речиси нов M5

Во подвозјето е работено многу. Спуштањето на каросеријата за седум милиметри е само „видлив“ дел од промените. Интервенцијата е повеќе во геометријата на подвозјето и во лежиштата, како и во пружините и во амортизерите. Со зголемениот затур на предната оска се подобрува и страничната стабилност во екстремни услови, а тоа значи на тркачка патека. Покрај тоа, на задната оска се користат топчести зглобови, место гумени лежишта. Задниот стабилизатор исто така е покрут.

На предната оска се комплетно сменети лежиштата за стабилизаторот. На тоа се надоврзуваат и за 10% покрути пружини на предната и задната оска. Сето тоа најмногу ќе се рефлектира врз прецизноста во возењето.

Бандажите за BMW M5 Competition се од ексклузивната понуда на M GmbH, со краци во форма на Y и во две бои. Кованите бандажи од 20 инчи носат гуми 275/35 R 20 напред и 285/35 R 20 назад.

Детал по коишто се препознава Competition е црниот сјаен финиш на „бубрезите“, на украсната решетка со жабрите и на маската на задниот браник. Тоа е уште повпечатливо на ретровизорите. Амблемот М5 е во црна боја, дополнет со натписот Competition.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

BMW M5 Competition 6

[/tie_slide]

[tie_slide]

BMW M5 Competition 5

[/tie_slide]

[tie_slide]

BMW M5 Competition 4

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

BMW 6 Gran Turismo добива четирицилиндарски дизел

Наследникот на BMW 850i влегува во целната рамнина

BMW X3 почна да вози и на струја

BMW ги скусува трошоците за франкфуртскиот ИАА: Има подобри места

BMW сака сите овие предмети да ги продаде со автомобилот

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild


Like it? Share with your friends!

137
18 shares, 137 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730