139
30 shares, 139 points

Кај BMW е забавно тоа што секој нов модел кој се појавува денес, веќе има свој претходник во историјата на марката. Овојпат станува збор за BMW M2 Competition и 2002 Turbo. Нашите колеги од германската Automedia имаа блиска средба со спортската лимузина

Кога BMW ја лансираше серијата 02 во средината на 1960-те години, светот научи да го цени поимот за спортска лимузина. Серијата беше крунисана со 2002 Turbo во 1973 година, со 170 КС кои во тоа време беа незамисливи за дволитарски мотор.

Моделот се појави на салонот ИАА во Франкфурт со натпис „турбо“, испишан обратно на предниот спојлер. Идејата беше возачот што ќе се најде пред 2002 Turbo да се престрои од брзата лента кога јасно ќе го прочита натписот на автомобилот во ретровизорот. Тоа беше дрска провокација, но таквите чинови беа симпатични на времето.

Претходникот од 1970-те имаше обратно напишано „турбо“ на спојлерот, за возачите јасно да видат јасно кој им е во ретровизорот и да се тргнат од брзата лента

Во малечкиот сегмент чиишто основи ги постави тогашниот 02, денес припаѓа серијата 2 на BMW, а особено топ-моделот со ознаката M2. Досегашниот трилитарски шестцилиндарец во M2, со ознака N55 и со моќност од 370 КС, потекнуваше од стандардната понуда на мотори на BMW. Сега се вмеша M GmbH од Гархинг. Под хаубата на преработениот модел, којшто ја носи ознаката M2 Competition, отсега се наоѓа тркачката машина S55 со 410 КС, којашто потекнува директно од легендарниот M3 и малку ѝ е одземено од моќноста при вградувањето во M2.

Додека претходникот поседуваше само еден турбополнач, сега се користат два компресора. Поради тоа, моторот реагира многу поспонтано и врти уште повисоко. Се чувствуваат и дополнителните 40 КС. Спринтот од нула до 100 km/h се совладува за само 4,2 секунди, а крајната брзина е ограничена на 250 km/h. По желба, ограничувањето може да се помести на 280 km/h, што е за 10 km/h побрзо од претходникот.

BMW M2 Competition test vozenje 13

Забрзувањето го следи неповторлив звук. Турбинскиот карактер на линискиот шестцилиндарец е зачинета со моќна доза на брутална агресивност. M2 Competition поаѓа без двоумење и врти сé до црвеното поле. Преоѓањето на моторот S55 се исплатеше.

Каросеријата на новиот M2 е мошне крута, а голем дел од тоа се должи на дополнителните зајакнувања. Управувањето работи прецизно, границите на стабилноста се екстремно високи. Но, благодарение на високата моќност на моторот, овие граници можат лесно да се пречекорат со педалот за гас. Притоа, М2 не реагира подмолно. BMW користи комбинирана димензија на гуми – 245/35 ZR 19 напред, 265/35 ZR 19 назад. Задната оска е комплетно преземена од M3. За амбициозните спортски возачи има солидно димензионирани спортски сопирачки, коишто гризат брутално и поседуваат мошне висока резерва.

Два силни табора ги кршат копјата околу изборот на мануелен менувач или менувач со двојна спојка

Копја се кршат околу изборот на видот на пренос. Во тој поглед постојат два различни табора. Едните се пуристите, коишто повеќе сакаат сами да ракуваат со шестстепениот менувач, го ценат директниот контакт со возилото и имаат силен аргумент со тежината што е пониска за 25 килограми.

На другата страна се модернистите, коишто преферираат да ги командуваат седумте степени на менувачот со двојна спојка преку палките на воланот и коишто можат да се пофалат со подоброто забрзување, поради тоа што отсуствуваат прекините при менувањето на степените.

BMW M2 Competition test vozenje 12

Добро е тоа што BMW ги нуди двете опции. Но, лути тоа што вештачкиот меѓугас – во верзијата со мануелен менувач – не може да се исклучи, а заедно со него да не се исклучи и контролата на стабилноста. Според BMW, оваа вештачка регулација го подобрува „комфорот при менување на степените“, а на вистинските мајстори зад воланот им го скусува уживањето во сопственото изведување на меѓугасот. Настрана тоа што ваквиот „wow“-ефект е сосем депласиран кај спортска машина, каква што е M2. Откако човек солидно ќе се измачи додека ја исклучи оваа здодевна функција, ќе се вознемири кога ќе види колку лесно се приспособуваат помалку важни функции на возилото и истите се меморираат под копчињата „М1“ и „М2“ на воланот.

Внатрешноста на M2 Competition профитира од спортските седишта кои одговараат совршено, исто како и од цврстото држење на воланот. Дизајнерите и инженерите на неколку места претерале со играчките. Осветлените логоа М2 во опционалните спортски седишта воопшто не го нагласуваат пуристичкиот карактер на оваа лимузина со две врати. Истото важи и за непотребните „спортски инструменти“ или за серискиот систем за навигација.

BMW M2 Competition test vozenje 6

Кожените седишта исто така нема да израдуваат секого. Платното на седиштата, како кај М4, подобро би ги фиксирало патниците при брзо совладување свијоци.

Но, M2 Competition смее да си дозволи да негува сопствен стил, затоа што нема природни соперници. Audi RS 3 и идниот Mercedes-AMG A45 се базираат на префинети возила со преден погон. Од друга страна, Porsche Cayman е потесен и непрактичен.

Најважната разлика е во тоа што ниту еден од нив не користи шестцилиндерска машина. Со тоа, M2, дури и без обратно испишаното име во предниот спојлер, е вистинската спортска лимузина на денешницата.

BMW M2 Competition

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Технички податоци · BMW M2 Competition

Должина x Ширина x Висина (m): 4,46 x 1,85 x 1,41
Меѓуоскино растојание (m): 2,69
Мотор: 6 цилиндри во линија, бензински, 2979 ccm, битурбо, директно впрскување
Моќност: 302 kW /410 КС при 5250–7000 / min
Вртежен момент: 550 Nm при 2350–5200 / min
Крајна брзина: 250 km/h (лимитирана; опционално 280 km/h)
Забрзување 0 до 100 km/h: 4,4 s (DKG: 4,2 s)
Потрошувачка: 9,8 L (DKG: 9,0 L)
Емисија на CO2: 224 (206) g/km (Euro 6)
Празно возило / носивост: min. 1550 kg / max. 460 kg
Багажник: 390 L
Круг на вртење: 11,7 m
Бандажи / гуми: 9,0 J x 19 / 245/35 ZR 19 напред, 10,0 J x 19 / 265/35 ZR 19 назад
Цена во Германија: 61 900 (65 800) евра


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
30 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743