92
18 shares, 92 points

BMW станува сé поубедлив дека е подобар тјунер за сопствените автомобили отколку илјадниците тјунери кои градеа имиња и добар профит со децении наназад. BMW M Performance Parts Concept смалува 60 килограми од стандардниот M2, со карбонот што баварците го користат масовно во своите електрични модели

Тјунерските работилници со децении заработуваа милијарди, правејќи ги автомобилите пониски, пошироки, побрзи. Тоа денес не им функционира толку беспрекорно. Производителите сами станаа тјунери на сопствените автомобили. Заработката останува дома, исклучен е и ризикот дека некој тјунер чесно ќе го нагрди автомобилот на когошто стотици дизајнери работеле само на еден детал.

Минхенската марка ги има M GmbH, BMW i, BMW iPerformance, BMW Individual, а во последно време сцената станува се повеќе свесна и за постоењето на M Performance Parts. Специјално за појавување пред публиката на Фестивалот на брзината во Гудвуд, BMW изработе концептен автомобил, преполн со М Performance Parts.

Основа е BMW M2, кој со овие делови изгуби 60 килограми од тежината, а воедно му порасна ефикасноста на аеродинамиката. Каросеријата е лакирана во омилената „смрзната црна“ боја, со фолија со златна боја заради акцент.

BMW M Performance Parts Concept 10

Заслугата за намалувањето на тежината секако дека е во карбонските делови, коишто се во редовната понуда на M Performance Parts. Хаубата е полесна за осум килограми, предните крила одземаат по три килограми. Различни од сериската изведба се и страничните ламели и праговите, секако со златна линија и изработени од карбон.

За екстра впечаток се грижи карбонскиот покрив со видлива структура – кој заштедува шест килограми во најчувствителното подрачје за тежиштето. На погледот не му бегаат ниту кованите бандажи од 19 инчи во „смрзната“ златна боја, со полу-слик гуми. Тука има заштеда од уште 6 килограми – во корист на возните својства и управливоста.

Карбонот оди и во задниот капак, кој е полесен за пет килограми од стандардната изведба. Уште половина килограм доаѓа од дифузорот, но тука профитира и аеродинамиката.

BMW M Performance Parts Concept 12

Внатре има „дебели“ траги од мотоспортот. Спорстките седишта имаат карбонска школка и обложени се со алкантара – заштеда од девет килограми. Задната суперлесна клупа – дури 13 килограми помалку. Фин мајсторски детал е логото што е изработено со ласер. Ист таков детал е златната опшивка на седиштата и на вратите. Воланот е дел од истата „колекција“.

Крајната смисла на целиот овој зафат ја дава спортското подвозје со дотерување на притискачкиот и повратниот од, со 12, односно 16 позиции. Навојното подвозје овозможува каросеријата да се спушти до 20 милиметри. И тука има баварска перфекција: Пружините и сопирачките клешти се во иста боја со каросеријата.

За крај, 14 килограми заштедува акумулаторот што BMW го има во редовната понуда.

BMW M Performance Parts Concept

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

92
18 shares, 92 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743