157
26 shares, 157 points

Одделението BMW Lifestyle обнови четири од своите 12 колекции производи. Основната е BMW Collection, по неа следат BMW M Collection, i Collection и The Collection. Секоја од нив се одликува со посебна философија и дизајн, бои и материјали.

BMW Collection опфаќа текстил, прибор и чанти, со акценти во боја на бакар и графика што е инспирирана од футуристичкиот BMW Concept Car Vision Next 100. Лесно е да се погоди дека BMW M Collection е спортска линија производи. Овие се во црна и сина боја, официјалните бои на новиот M5, со елементи од карбон.

Секоја колекција си има „свој“ автомобил: BMW i Collection за i3 и компанија

По пример на електричните и плагин-хибридните модели, BMW i Collection става нагласок на одржливоста на животната средина, иновативноста и необичниот дизајн. Дознаваме дека во летната маица се користат био-памук и еколошки влакна Тенсел, коишто се добиваат од еукалуптусово дрво.

Најскапите и најпрестижни производи се нудат во BMW The Collection. Инспирацијата пристига од лимузините од серијата 7 коишто се изработуваат по посебна нарачка. За ексклузивноста на оваа колекција говорат доволно две имиња: Montblanc и Horizn Studios.

Има новитети и меѓу велосипедите, како и меѓу малечките модели на автомобили. За забелешката дека BMW сака да ни ги продаде сите овие предмети заедно со автомобилот: Луѓето ги сакаат овие производи.

Како за понеделничко четиво, цените што ги објави BMW:

  • BMW Collection, термос: 39,90 EUR
  • BMW Collection, нотес голем: 19,90 EUR
  • BMW Collection, машка јакна: 190,00 EUR
  • BMW Collection, женска летна маица: 39,90 EUR
  • BMW Collection, женска јакна: 110,00 EUR
  • BMW M, женска јакна: 130,00 EUR
  • BMW M, ролербол: 120,00 EUR
  • BMW M, Boardcase: 240,00 EUR
  • BMW i, женска јакна: 290,00 EUR
  • BMW i, женска летна маица: 59,00 EUR
  • BMW i, машка летна маица: 59,00 EUR
  • BMW i, ранец: 269,00 EUR
  • BMW i, комплет моливи: 29,90 EUR
  • BMW Iconic Montblanc for BMW Pen Pouch: 175,00 EUR
  • BMW Iconic Montblanc for BMW, футрола за кредитни картички: 110,00 EUR
  • BMW Iconic Montblanc for BMW Duffle Bag: 1.100,00 EUR
  • BMW Iconic Montblanc for BMW држач за пенкало: 550,00 EUR
  • BMW Iconic Horizn Studios for BMW Trolley: 375,00 EUR
  • BMW Iconic Horizn Studios for BMW Boardcase: 330,00 EUR
  • BMW Folding Bike: 750,00 EUR
  • BMW City Scooter: 200,00 EUR
  • BMW Kids Scooter: 120,00 EUR
  • BMW Miniatur M1: 99,00 EUR
  • BMW Miniatur 507: 99,00 EUR
  • BMW Miniatur M6 Cabrio: 89,00 EUR
  • BMW Miniatur BMW Vision: 99,00 EUR
  • BMW Miniatur BMW M6 GTLM John Baldessari: 200,00 EUR


,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
26 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743