за

BMW казнет поради погрешно вчитан софтвер

BMW m performance motor natpis

Државното обвинителство во Минхен не најде докази дека BMW користел недозволени уреди за лажирање на вредностите на издувните гасови во своите дизел мотори, но производителот сепак мора да плати казна, затоа што не ја спречил можноста за грешка при монтажата. Поради погрешно вчитан софтвер, 8.000 автомобили лани мораа да ја посетат сервисната работилница.

Државното обвинителство во Минхен денес објави соопштение во коешто се наведува дека BMW ги почитувал законите и не ги лажирал вредностите на издувните гасови, со цел да добие подобри вредности за пред властите. Меѓутоа, истражувањата докажале дека во контролната електроника на „погодените“ модели BMW M550xd и 750xd биле вчитани податоци за контролната електроника што биле наменети за други модели на BMW. Поради тоа, овие модели испуштале преголема количина азотни оксиди, и на пробните валци и во реални услови на возење.

Парична казна за BMW во висина од 8,5 милиони евра

Според обвинителството, BMW не ја спречил можноста за настанување на оваа грешка со примена на соодветен систем за проверка на квалитетот. Поради тоа е изречена парична казна, за ненамерно повредување на обврската за контрола на квалитетот.

Кога по налог на Сојузната агенција за моторен сообраќај, лани беше измерена прекумерна количина на азотни оксиди кај два модела на BMW, производителот се „правдаше“ дека тоа било предизвикано од погрешно вчитаниот софтвер, кој бил наменет за други возила со дизел мотор. Обвинителството не го оспорува тоа, но го казни BMW за тоа што не ја спречил можноста за вчитување погрешен софтвер

Дизел скандал и во BMW: Сервисен повик за 11.000 возила

Производителот не ја обжалува паричната казна во висина од 8,5 милиони евра. Вчитувањето на погрешниот софтверски модул била грешка на работниците во монтажата. Погодените автомобили на BMW добија нов софтвер лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo XC90 FL

Освежување за Volvo XC90 и подостапна хибридна изведба

Audi хибрид PHEV TFSI e

По хибриден погон кај специјалистот … Audi!