за

BMW официјално по посетата од државните обвинители

bmw centrala istraga softver

Од групацијата BMW потврдија дека државното обвинителство Минхен спровело истрага во врска со погрешно вчитаната софтверска верзија во 11.400 примероци од моделите BMW 750d и BMW M550d. Возилата ќе бидат повикани во сервис, погрешениот софтвер предизвикувал неправилна работа на пречистувањето на издувните гасови.

Околу стотина истражители од државното обвинителство Минхен, во вторникот извршија претрес во неколку локации на групацијата BMW, односно во седиштето во Минхен, во центарот за истражување и развој, како и во фабриката за мотори во Штаер, Австрија. Претресот бил извршен со цел да се најдат докази за сомнението, дека BMW користи уред за манипулирање со системот за пречистување на издувните гасови.

Во февруари од Минхен објавија официјално соопштение за случајот. Во интерните тестови на групацијата BMW се покажало дека софтвер со легална дополнителна функција, по грешка бил вчитан во моделски изведби, на коишто таа верзија на софтверот не им одговара. Поради тоа, групацијата BMW планира преку надлежните институции да повика 11.400 возила во сервис, кадешто ќе се вгради правилната верзија на софтверот.

Софтвер за X5 и X6 бил вграден по грешка во BMW 750d и 550d поради што системот за пречистување на издувните гасови работел неправилно

Конкретниот софтвер бил наменет за X5 и X6 M50d, но по грешка бил вчитан во BMW 750d и BMW M550d. Поради погрешниот софтвер, пречистувањето на издувните гасови функционирало неправилно.

Државните органи можат во секое време да извршат увид во резултатите од интерната истрага што ја спровела групацијата BMW. Овие резултати наводно докажуваат дека станува збор за вчитување софтвер што им припаѓа на други моделски варијанти, а не за планска манипулација со пречистувањето на издувните гасови.

Голем дел од возилата за коишто постоеше сомнение за манипулација го поседуваат соодветниот софтвер и според производителот возат без проблеми веќе подолго од две години. Погрешниот софтвер почнал да се вчитува во споменатите моделски верзии долго време по стартот на производството.

Повторно рација во седиштето на Volkswagen

Бензинците на BMW на едногодишна пауза

Производителите на тешки маки поради новите мерења на потрошувачката

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

uber незгода

Техниката не била виновна за кобната незгода на Uber

Skoda планира да отвори уште една фабрика