за

Електричниот BMW iNext на екстремно тестирање во Поларниот круг

BMW iNext testiranje svedska

Иако до стартот на продажбата на електричниот кросовер од подмарката BMW i останува уште време, Баварците веќе тестираат во полн обем во омилениот „зимски забавен центар“ за техничарите, во Арјеплог. Погонот на струја нема да биде единственото што ќе го разликува овој автомобил, најавен како технолошки предводник на BMW.

Електричниот BMW iNext е чекор поблиску до сериско производство. Во центарот за зимско тестирање на групацијата во Арјеплог, Шведска, моментно се проверува како секоја витална компонента од погонот и подвозјето на возилото реагира во услови на екстремна клима и не помалку екстремна подлога.

Баварците го водат iNext како свој најнапреден модел, затоа што електричниот погон не е единственото што го разликува овој кросовер од стандардната понуда на марката. Во него ќе работи и врвна технологија за автономно возење, во комбинација со интелигентно вмрежување и можност за користење на услуги кои досега биле незамисливи во возилото.

Сериската верзија на BMW iNext, веројатно под ознаката iX4, ќе биде „X5 на денешницата“, воведувајќи револуција со електричниот погон на сите тркала, со автопилотот и поврзувањето со дигиталниот свет

Серискиот автомобил на база на BMW iNext ќе почне да излегува од фабриката во Динголфинг во 2021 година. Исто како што BMW X5 се разликуваше кога понуди возна динамика типична за марката во сосем нетипична каросериска форма, така и iNext ќе ги понуди традиционалните вредности на марката во возило со погон на струја, со интелигентен погон на сите тркала и со неколку иновации во подвозјето. Не е случајно, кога BMW кажувa дека iNext е модерен SAV (Sports Activity Vehicle). Истото важеше за X5, при неговото деби во последната година од минатиот милениум.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На северот на Шведска за првпат се тестира како сите одделни модули функционираат заедно во услови на екстремен студ. Ниските температури претставуваат предизвик првенствено за електромоторот, за високонапонската батерија и за системот за ладење. Посебно внимание се посветува и на енергетскиот менаџмент на погонскиот систем eDrive. Моментно се проверува како екстремниот студ влијае врз полнењето на батеријата, врз пренесувањето струја до електромоторот, снабдувањето на електричната мрежа во возилото, како и на работата на системот за греење и климатизација.

Лизгавата подлога во Арјеплог е вистински благодат кога треба да се проверат брзата реакција и чувствителноста на системите за контрола на стабилноста и на енергетскиот менаџмент

Лизгавата подлога им овозможува на инженерите да ја проверат чувствителноста на системите за контрола на стабилноста (DSC), како и нивната усогласеност со работата на електричната погонска спрега. Возењето по мраз и снег се користи и за фино дотерување на управувањето и на сопирачките. Во исто време, единствените услови во шведскиот Арјеплог се корисни и за прецизно дотерување на системот што ја полни батеријата при секое отпуштање на педалот за гас и при сопирање.

Ефектната маска ги прикрива формите, но во некои детали сепак се препознаваат белезите од студијата iNext, којашто доживеа премиера во Лос Анџелес, особено во делот зад задните врати. Во каросериска контура се распознава дека станува збор за BMW. Баварците ќе користат различен дизајнерски јазик кај сериската верзија на моделот, исто како кај i3 и i8, како пионери на подмарката BMW i.

Револуциите почнуваат луксузно: Хибриден BMW 745е со 58 km на струја

Да не се шегуваме, новата серија 7 на BMW им се допаѓа на Кинезите

BMW вложува 200 милиони евра во производството на електричниот i4

Хибриден BMW 330e како посебна гордост на баварците

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

svetski avtomobil na 2019 godina

Десет модели во финале за светски автомобил на 2019 година

Ford Focus limuzina salon Mida

Лимузински Ford Focus со 536 литри багажник почнува со продажба