за

BMW iNext го вклучува електричниот погон во повисока брзина

BMW Akcionersko sobranie BMW iNext

Важен настан се одвива во Олимписката Сала во Минхен, во тек е 98-то главно собрание на акционерите во BMW. Претседателот на управниот одбор Харалд Кригер за првпат ги прикажа контурите на новиот електричен модел BMW iNext пред акционерите и ја најави најголемата моделска офанзива во историјата на марката.

Електричниот погон честопати се спомнуваше во обраќањето на шефот Кригер, што не треба да зачудува покрај водечката позиција на BMW во електричниот погон во Европа. Сите марки и сите моделски серии ќе добијат електричен погон. „Тоа е консеквенца. Тоа е иднината,“ резимираше Претседателот.

BMW INext

BMW веќе осма година во континуитет бележи рекордни резултати. Тоа што ги израдува акционерите – по повеќе од 2,4 милиони продадени автомобили, 164.000 мотоцикли и скутери, и со оперативен резултат од преку десет милијарди евра за ланската година, BMW е најпрофитабилниот автомобилски концерн во светот.

Во првиот квартал од годинава, глобалната продажба на возила со електрифицирана погонска спрега на BMW пораснала за повеќе од една третина. Само во САД е забележан пораст од дури 80 проценти. За годинава е планирана продажба на најмалку 140.000 возила на BMW со електрична погонска спрега – вклучувајќи и плагин хибриди.

BMW Akcionersko sobranie BMW iNext 6

Во 2025 година, концернот ќе нуди вкупно 25 модели што користат електромотор, од коишто дури 12 ќе возат „на батерии“. Следното што шефот Кригер го најави денес во Минхен е продажба на половина милион електрични и плагин хибридни автомобили до крајот на 2019 година. Моментно нивната вкупна продажба во групацијата достигнува четвртина милион.

Харалд Кригер најави зголемување на досегот на електричните автомобили на 700 километри

Тоа што конкретно ги прикажува плановите се двата нови модела, BMW i4 и BMW iNext. Првиот од нив беше прикажан на салонот во Франкфурт пред две години. Во иднина, сите модели на BMW со погон на батерија ќе ја носат буквата „i“ во ознаката. Со тоа воедно се означува и достигнувањето на петтата генерациска еволуција на погонот на струја во концернот.

BMW Akcionersko sobranie BMW iNext 2

Акционерите денес имаа ексклузивна можност да ги видат контурите на BMW iNext преку дизајнерската скица. Концептниот автомобил ќе биде прикажан пред јавноста уште годинава, а за датумот нема потреба да се шпекулира: Тоа ќе се случи на салонот во Франкфурт.

Во електричниот BMW iNext, првиот човек во минхенскиот производител гледа модуларен систем за иднината: „Тоа по малку звучи како Лего. Идејата е слична. Целиот концерн и сите марки ќе профитираат од iNext.“ Автомобилот е од клучна важност за BMW, затоа што во него за првпат се вклучени главните технологии на иднината: Електричен погон, комплетно вмрежување и делумно автономно возење. На последнава технологија моментно работат 1.800 експерти од повеќе држави.

Производството на BMW i4 ќе се одвива во Минхен, додека BMW iNext ќе доаѓа од фабриката во Динголфинг

Баварците уште претходно најавија дека од 2020 година, сите моделски серии ќе бидат достапни со сите видови погон, почнувајќи од мотори со внатрешно согорување, преку плагин хибриди, до чисто електричен погон. Тоа го предвидува развојот на идните модели, предноста е во тоа што може флексибилно да се одговори на промените на регионалните пазари, а секако дека се постигнува и заштеда во развојот на новите модели.

BMW Akcionersko sobranie BMW iNext 3

Во 2019 година започнува и производството на електричниот Mini во фабриката во Оксфорд. Во електрификацијата се вклучуваат и партнерите на BMW, првенствено со кинескиот Brilliance. Во 2020 година, за најголемиот пазар за електрични автомобили ќе се стартува локално производство на електричниот BMW iX3, на првиот модел со погон на батерии под сино-белиот знак.

BMW Akcionersko sobranie BMW iNext 4

Шефот потврди дека новата генерација на BMW X5 пристига веќе годинава:2018 е нашата X-година. Нов X3. Кул X2. Налето, атлетскиот X4. А, денес ви кажувам ексклузивно – уште годинава пристига наследникот на X5.

Вкупно 12 нови или освежени моделски серии се ставени на планот на Баварците за годинава.

Шефот Кригер ги откри првите детали за BMW iNext

BMW серија 8 ќе има премиера на 24 часа Леман

BMW M5 со плус 25 КС и уште поагресивно подвозје

BMW X3 почна да вози и на струја

Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW iNext

Шефот Кригер ги откри првите детали за BMW iNext

најпродаваните марки во Европа

Ова се најпродаваните марки во Европа до април