149
21 shares, 149 points

BMW е првиот производител на автомобили што понуди индуктивно полнење на батеријата на своите плагин хибридни модели. Првите примероци од BMW 530e iPerformance со овој систем ќе се појават веќе во јули

BMW во јули ќе го испорача првиот автомобил со вграден систем за индуктивно полнење на батеријата. Плагин хибридот BMW 530e iPerformance е првиот модел што ја нуди оваа комоција, со којашто отпаѓа секаква потреба од ракување со кабли. Возилото едноставно се паркира врз индуктивната плоча и полнењето се воспоставува автоматски.

bmw 530e induktivno polnenje 1

Ставката BMW Wireless Charging се појавува како дополнителна опрема во ценовникот на минхенската марка и чини 890 евра за CarPad во возилото и дополнителни 2.315 евра за GroundPad за вградување во подлогата. Тоа се цените за германскиот пазар. Опцијата ќе биде достапна и во Велика Британија, САД, Јапонија и Кина.

Подната плоча може да се постави во подот во гаражата или на отворено, затоа што истата е заштитена од атмосферски и механички влијанија. Енергијата се пренесува на растојание од осум сантиметри. Принципот на работа се сведува на тоа што подната плоча произведува магнетно поле, под чиешто дејство се индуцира струја во плочата во возилото, којашто ја полни батеријата.

Ефикасноста на безжичното полнење заостанува незначително зад полнењето преку кабел

Моќноста на системот изнесува 3,2 киловати, што е доволно за батеријата на BMW 530e iPerformance да се наполни за три и пол часови. Ефикасноста изнесува 85 проценти, што е релативно блиску до полнењето преку кабел, кадешто се постигнуваат 92 проценти.

bmw 530e induktivno polnenje 3

За полнењето да се воспостави, возачот треба единствено да го постави возилото точно врз подната плоча и да го исклучи контактот во возилото. Полначот и возилото разменуваат податоци преку безжична мрежа. На контролниот дисплеј се појавува приказ на возилото од горе и водечки линии што возачот треба да ги следи за точно да го постави возилото. Отстапувањето од совршената позиција е до седум сантиметри надолжно, односно до 14 сантиметри попречно. Доколку системот препознае туѓ предмет, полнењето прекинува.

bmw 530e induktivno polnenje 4

BMW работи активно на техниката на полнење и еден е од основачите на Ionity, заедничка компанија на неколку производители на возила, коишто до 2020 година ќе постават мрежа од 400 супербрзи станици со полначи низ Европа, со фантастична моќност до 350 киловати. Покрај тоа, преку услугата ChargeNow се добива пристап до преку 130.000 полначи во 32 држави.


,

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
21 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730