за

Овој човек во еден замав заработе BMW i8 Roadster

bmw i8 roadster bmw open golf

Голфот некогаш може да биде корисен спорт. Англиски голфер постигна погодок со само еден удар и со тоа го заслужи спортскиот BMW i8

Продолжува неверојатната серија. На четвртиот турнир во голф во Келн, во организација на BMW, повторно на еден играч му успеа во само еден замав да освои автомобил од баварската марка. Англичанецот Арон Раи го постигна погодокот користејќи „железна шестка“ , за што е потребно повеќе среќа, отколку умешност. Наградата дополнително ќе го усреќи овој 23-годишен голфер: BMW i8 Roadster.

Директен погодок од растојание од 153 метри

Родстерот, како трет и најнов модел на електричната подмарка на BMW, стартуваше со продажба неодамна, откако купе-верзијата веќе неколку години им го нуди задоволството во возењето BMW на своите возачи. Секако, станува збор за плагин-хибриден погон, во комбинација со егзотична каросерија во поглед на материјалите и конструкцијата. Со системска моќност од 374 КС, двоседот спринтува до темпо 100 за 4,6 секунди.

На премиерното одржување на турнирот во Келн во 2012 година, Англичанецот Ендрју Маршал го освои BMW 640i Gran Coupé. Две години подоцна, уште еден Англичанец го постигна спектакуларниот погодок и доби подеднакво спектакуларен автомобил: Џејмс Хит беше награден со BMW i8. Во 2016 година, Шкотот Ричи Ремзи стана третиот голфер што во еден замав заработи автомобил од Баварците. Неговата награда: BMW M760Li xDrive.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Panamera Turbo I

Каков избор на користено возило е Porsche Panamera

Audi A1 Sportback

VW Polo, ама под знакот на Audi