153
20 shares, 153 points

Овие 18 автомобили по триесетина години ќе вредат неколкупати повеќе отколку на ново. Тоа се последните примероци од специјалната серија со којашто BMW го заврши производството на плагин-хибридното спортско купе i8.

Последните 18 примероци од BMW i8 денес излегоа од фабриката на групациајта BMW во Лајпцих во присуство на идните сопственици. Сите возила се уникати, кои фабриката ги изработи по нарачка на клиентите. Високиот степен на индивидуализација на возилата беше и една од одликите на производствто на спортскиот автомобил од подмарката BMW i.

BMW i8 ќе остане како историско сведоштво на баварската марка, со напредниот концепт, погонската техника и со единствената комбинација од материјали, односно каербон и алуминиум. Последната серија од 18 возила се лакирани во бои што претходно не се користени во производството на моделот. Тоа беше посебен предизвик, затоа што голем дел од компонентите на каросеријата мораше да се обработуваат посебно, буквално како во мануфактура.

Уште еден предизвик за сериското производство е тоа што клиентите имаа посебни барања и за изедувањето на ентериерот, било да се работи за компоненти обложени со алкантара, или посебна боја за штеповите и финиш на украсните маски. Повеќето од клиентите се членови на BMW i8 Club International.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *