за

BMW i8 заминува во пензија, продукцијата на BMW i3 се дуплира

BMW i8 заминува во пензија, продукцијата на BMW i3 се дуплира
BMW i8 заминува во пензија, продукцијата на BMW i3 се дуплира

BMW се збогува со хиперспорсткиот хибрид i8, но во исто време ја зголемува продукцијата за чисто електричниот i3. Фабриката уште има слободен капацитет за по потреба да ја зголеми продукцијата. На неколку големи пазари се зголемуваат субвенциите за погонот на струја.

Минхен се подготви за очекуваниот бум во продажбата на електрични автомобили, откако германските власти најавија зголемување на премијата за купување возило на струја. Продукцијата на електричниот BMW i3 може да се удвои за кусо време, доколку пазарот покаже нагло зголемување на интересот за овие автомобили. Оваа оптимистичка најава следеше за време на малата прослава, со којашто се одбележa заминувањето на BMW i8 во пензија. Моментно во фабриката во Лајпцих се произведуваат по 116 примероци од i3 дневно, во една смена. Во две смени, продукцијата би можела да достигне 250 возила дневно.

Менаџментот на компанијата се раководи според побарувачката на пазарот и не се произведува за возилата да се чуваат на лагер. Продукцијата на i3 стартуваше повторно на 18-ти мај, по двомесечен прекин поради корона-кризата. Моментно се произведуваат исто толку примероци од електричниот модел, колку пред кризата. Патем, во фабриките во коишто се произведуваат моделите од сериите 1 и 3 на BMW, уште од 18-ти мај се работи во две смени.

BMW prodazba septemvri i3

BMW започна со производство на i3 во 2013 година, но го зголеми капацитетот дури пред две години, од 130 на 200 возила дневно. Тоа се 50.000 електрични автомобили годишно. Лани првпат беа достигнати близу 40.000 возила. Планот е моментно единствениот автомобил на батерија под знакот на марката од Минхен да се произведува до 2024 година. Кон крајот на летото ќе биде претставен iX3, како прв електричен модел од матичната марка BMW – i3 се води во подмарката BMW i. Потоа има уште два модели на струја, спортската лимузина i4 и револуционерниот кросовер Next.

Последниот i8 е уникатен, во сина боја и дел е од завршната серија од 18 возила за клубот на возачи на i8 во Германија

Денес околу 11 часот од производствената лента се симна последниот примерок од i8. Историскиот модел е i8 Roadster во специјална портимо сина боја. Тоа е апсолутен уникат, затоа што оваа боја обично е достапна само за моделите од M GmbH. Родстерот е едно од 18-те возила што BMW ги произведе за членовите на клубот на возачи на i8 во Германија. Секој примерок е со различна боја, по избор на купувачот.

BMW i8 е прв плагин-хибрид на марката и одбележа важно поглавје во историјата на марката. Моделот има потенцијал да стане класичар на пазарот на јанг- и олдтајмери. Каросеријата, на пример, изработена е од карбон, а тој не кородира.

bmw i8 fabrika lajpcih

Во родстер-изведбата што стартуваше во 2018 година, првпат се користеа делови од 3D-печат. Спортскиот модел означи пресвртница од повеќе гледишта, меѓи другото и во поглед на технологијата и материјалите.

Вкупната продукција за шест години изнесува 20.448 примероци. Првично се планираше заминувањето на i8 да се случи во април, но тоа беше одложено поради корона-кризата и поради неопходноста од запирање на производството во фабриката во Лајпцих.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фирма во Британија испорачала 1.000 автомобили на домашна адреса

Фирма во Британија испорачала 1.000 автомобили на домашна адреса

Добитници и губитници во корона-кризата: Volkswagen расте, Peugeot паѓа

Добитници и губитници во корона-кризата: Volkswagen расте, Peugeot паѓа