за

BMW i8 во служба на чешката полиција

Спортското купе со хибриден погон BMW i8 отсега е во служба на полицијата во Чешка. Чуварите на редот веќе имаат BMW i3 во возниот парк. Со системски 362 КС и врати со крилесто отворање, i8 е еден од најбрзите автомобили со коишто досега располагала чешката полиција.

Откако минатиот месец BMW им испорача неколку примероци од електричниот компакт i3 на неколку одделенија на чешката полиција, во возниот парк на чуварите на редот пристига следната сензација, BMW i8. Спортскиот автомобил со плагин-хибриден погон и врати со крилесто отворање ќе биде во служба на полицијата во Чешка во следните шест месеци и ќе патролира по автопатиштата низ земјата.

https://www.facebook.com/MagProDriverCZ/videos/1347318778719552/

Покрај изгледот, во BMW i8 импресионира и погонската спрега. Трицилиндарец од 1,5 литар со турбонатполнење испорачува моќност за задната оска, додека за предната оска е задолжен електромотор. Системската моќност: 362 КС. Примерното забрзување за 4,4 секунди до сто во голем дел се должи и на лесната конструкција на каросеријата. Благодарение на комбинацијата од карбон и алуминиум, купето тежи само 1.485 килограми.

BMW i8 вози и за полицијата во Сиднеј, Дубаи и Лос Анџелес

Чесите не се единствени што во својот имиџ ја додаваат грижата за животната средина. Стотина примероци од електричниот BMW i3 возат по улиците во Лос Анџелес, 52 возила се во служба на противпожарната служба во Лондон. Компактот со погон на струја се користи и во полициите во Германија и Швајцарија. BMW i8 исто така е активен на ова поле и освен во Чешка се користи и во Сиднеј, Дубаи и Лос Анџелес.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јужна Кореја е светски шампион во субвенционирање на електричните автомобили

Dacia Logan MCV во улога на теренец