Три нови модели на BMW со електричен погон влегуваат во производство во следните две години: BMW iX3 доаѓа веќе в година, а по него iNext и купе-лимузината i4. Во сите модели работи петта генерација на погонот eDrive. Тоа меѓу другото значи моќност до 530 КС и досег до 600 километри.
Имиџот и бизнисот на марката BMW во најголем дел се базираат врз моделите од средната класа. На серијата 3 на BMW, на купето и на кабриолетот од серијата 4, вклучувајќи ја купе-лимузината Gran Coupe, многу наскоро ќе им се придружи и модел што ќе вози само во верзија со погон на струја – BMW i4.
Баварците работат долго со погонот на струја eDrive, кој моментно е во четвртата генерација. Следното генерациско напредување ќе се случи во 2020 година, со почетокот на производство на BMW iX3, со петтата генерација на електричниот погон на куќата. Овој погон ќе се користи и во BMW iNext, како и во BMW i4. Тоа што најмногу засега кај погонот на струја не е моќноста и не е возната динамика, туку досегот. Минхен за тоа вели: 600 километри за петтото колено на eDrive.
BMW во меѓувреме напредуваше далеку во реализацијата на планот, групацијата во 2023 година нуди вкупно 25 модели со плагин-хибриден или „батериски“ погон
Техничарите на марката посебно ги издвојуваат т.н. енергетската густина, ефикасноста и досегот, како подрачја во кои нивната марка се издвојува најмногу. Во петтата генерација на eDrive пристигаат комплетно нов електромотор, нова трансформаторска секција, нов полнач и нова батерија. Првото вградување на новата генерација ќе следи во iX3 в година, потоа доаѓа супертехнолошкиот iNext, па i4.
Трите електро-новитети за време на тестирањето во минатата зима во Арктичкиот Круг: BMW iNext, iX3, i4
Електромоторот во BMW i4 ќе располага со моќност од 530 КС, што одговара со актуелните V8-мотори на куќата. Во поглед на батеријата, таа е релативно тенка и акумулира повеќе енергија на единица волумен. Со тежина од 550 килограми, батеријата постигнува капацитет од 80 kWh, што во случајот на i4 би било доволно за околу 600 километри пат.
BMW i4 со каросерија на купе-лимузина и со врвни перформанси
Производството на BMW i4 ќе започне во 2021 година, во фабриката во Минхен, покрај серијата 3 со обични мотори и со плагин-хибриден погон, покрај купето од серијата 4 и M4. Првиот Gran Coupe во понудата на BMW i ќе спринтува до темпо сто за околу 4 секунди и ќе постигнува над 200 ки.лометри на час.
Петтата генерација на dDrive носи нови електромотори, нова трансформаторска секција, нова батерија: BMW iX3, iNext, iVision
Дизајнот ќе сведочи јасно дека станува збор за модел што припаѓа во подмарката BMW i. Самата природа на електричниот погон, компактноста и флексибилноста, дозволуваат BMW i4 да нуди повеќе простор во кабината од моделите со обичен погон. Дека соодветно профитираат и возните својства, тоа е веќе општо правило.
Во поглед на полнењето, новиот електричен автомобил на баварците ќе може да користи моќни полначи со 150 kW, на кои батеријата на BMW i4 ќе постигне наполнетост од 80% за околу 35 минути. Тоа значи дека енергија за 100 километри пат се полни за шест минути.
Батериските ќелии во новата генерација на eDrive се покомпактни и поседуваат поголема енергетска густина
Модуларна платформа за возила со електричен погон, со голема приспособливост и интегрирани компоненти во покомпактни модули
Актуелната понуда од плагин-хибриди и електрични автомобили на BMW, со концептите во последниот ред