за

Минхен не планира да го пензионира BMW i3, а нема и зошто

BMW prodazba septemvri i3

Новиот шеф на BMW, Оливер Ципсе, во интервју за германски весник открива дека минхенскиот концерн не планира да го прекине производството на електричниот BMW i3, но и дека моделот сепак ќе добие наследник. Премиум конкуренцијата уште не одговорила со свој модел, а развојот на батериите ќе му донесе уште едно продолжување на досегот на овој модел.

Новиот шеф на баварскиот автоконцерн, Оливер Ципсе, во интервју за неделното издание на „Франкфуртер Алгемајне“ кажува дека BMW ќе си даде уште малку време, пред да се впушти во лов на конкурентот во премиум сегментот, Mercedes. „Ние сме во најголемата моделска офанзива во историјата на BMW, нашите автомобили победуваат на многубројни споредбени тестови, што значи дека имаме одлични изгледи да го зголемиме нашиот пазарен удел,“ посочува првиот човек во баварската автокуќа.

Тој понатаму во интервјуто открива и дека BMW сепак ќе развива наследник за електричниот i3. „Нема сомнежи дека i3 ќе продолжи да се произведува. Автомобилот веќе претставува жива икона. Кој друг автомобил може да го постигне тоа по само шест години?“ Во средината на септември, „Фајненшел Тајмс“ објави дека i3 се наоѓа пред завршеток на производството.

Ципсе го наследи Харалд Кригер во седината на август, откако тој одби да го продолжи менаџерскиот договор. Кригер своевремено постави цел, BMW во 2020 година да го презеде приматот од Mercedes, како најголем производител на премиум автомобили во светски рамки. Баварците беа симнати од тронот во 2016 година, откако долги години го имаа практично врвот на целата бранша.

По девет месеци, BMW заостанува со 124.000 возила зад Mercedes. Оваа разлика за истиот период лани изнесуваше 149.000 возила

Ципсе не се откажува од СУВ-моделите, кои станаа контроверзни на европската сцена по вжештувањето на дебатата околу климатските промени, но кои и натаму се продаваат одлично. „Ние живееме во социјално и, ако треба да додадам, одржливо ориентирано пазарно стопанство. Тука клиентите решаваат каков автомобил ќе купат. Доколку тие изберат СУВ, ние ќе им го испорачаме.“ Тоа е многу мудро кажано од уште свежиот шеф на баварскиот концерн.

Mercedes-AMG GLB 35: Седум седишта со пет секунди до сто

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

general motors carillac proizvodstvo

Вработените во GM постигнаа договор, но пак не работат

Volvo S60 стартува со продажба на македонскиот пазар

Volvo S60 стартува со продажба на македонскиот пазар