145
52 shares, 145 points

Германскиот магазин АУТО БИЛД првпат имаше електричен автомобил на својот легендарен тест-маратон. По 100.000 километри, единствениот проблем во погонската спрега го предизвика двоцилиндарскиот мотор, кој служи како генератор кога ќе сзе испразни батеријата. Следната цел на маратонот се 200.000 километри

Магазинот АУТО БИЛД во март 2014 година паркираше BMW i3 во својата гаража за тест-возила. Многумина во германската редакција тогаш се сомневаат во овој автомобил, нарекувајќи го „експеримент“, а супертестот на 100.000 километри „авантура“. Во тоа време уште има многу непознаници околу електричниот погон. Нема доволно полначи и за секоја мрежа од полначи мора да се користи различна картичка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

АУТО БИЛД го користи ѕидниот полнач што е поставен во гаражата, а возилото дополнително поседува таканаречен „range extender(REX), односно малечок двоцилиндарски мотор со 34 КС, кој се вклучува и функционира како генератор кога ќе се истроши батеријата, и на тој начин овозможува поголем досег. Поголема сигурност при патувањето, исто така. Авторите на магазинот, во познат стил: „Низ чкрипење со забите замижуваме за дерењето на моторот, кој му ја одзема дражта на автомобилот на иднината.“

Технички податоци · BMW i3 REX

Мотор Е-мотор и двоцилиндарец

Работна зафатнина

647 cm3

Батерија

Литиум-јон, 22 kWh/60 Ah

Моќност

125 kW (170 КС)

Вртежен момент

250 Nm

Погон

Назад

Празно возило

1399 kg

Носивост

331 kg

Багажник

260–1100 l

Крајна брзина

150 km/h

Потрошувачка

13,5 kWh/0,6 l Супер (NEDC)

Издувни гасови

CO2 13 g/km

Постигнатиот досег на вообичаената рута за мерење на потрошувачката на АУТО БИЛД изнесува 167 километри

Моќното повлекување ги одушевува возачите, ракувањето во кокпитот е едноставно, но различно. Каросеријата е чувствителна на страничен ветер, од подвозјето некогаш се слуша тропање, управувањето е нечувствително, генерално сé е в ред. Главното прашање сепак е досегот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На едно возење од Хамбург до тест-патеката на магазинот во Бремерхафен по спореден пат, при надворешна температура од 9 степени под нулата, BMW i3 поминал 133 километри, во штедливиот модус Eco Pro+. Најдолгиот измерен досег бил 167 километри, на стандардната рута на АУТО БИЛД. Пред завршвуањето на супертестот на 100.000 километри, батеријата се празни по само 107 километри на струја и се вклучува двоцилиндарецот. При проверка на батеријата се покажало дека нејзиниот капацитет опаднал на 82 проценти. Баварците гарантираат за батеријата до 100.000 километри или осум години.

Измерени вредности на АУТО БИЛД · BMW i3 REX

За ново возило (во заграда се вредностите по 100.000 km)

Забрзување

0–50 km/h

3,3 s (3,3 s)

0–100 km/h

8,0 s (8,1 s)

0–130 km/h

14,3 s (14,5 s)

Меѓузабрзување

60–100 km/h

4,0 s (4,0 s)

80–120 km/h

6,1 s (6,2 s)

Пат на сопирање

од 100 km/h, студени

37,0 m (37,7 m)

од 100 km/h, врели

37,3 m (38,1 m)

Потрошувачка на тестот

16,5 kWh (17,3 kWh)

Кабелот како потрошен дел, по 100.000 километри веќе трет кабел

Во февруари 2015 година, редакцијата поаѓа на маратон до Грузија, при што најголемиот дел од возењето паѓа на товар на двоцилиндарскиот бензинец. На враќање, на територијата на Бугарија се случува дефект. BMW i3 не е во возна состојба. Проблемот е во стопените индуктивни калеми. Возачите дотогаш 118 пати запираат да наполнат гориво во деветлитарскиот резервоар.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Други дефекти: Вентилатор што не се исклучува (замена на 55.012 километри, прифатено во гаранцијата), проблем со капакот на резервоарот (на 69.500 километри, расипан сензор за притисок). Уште една слаба точка е кабелот за полнење, кој се кине и не воспоставува контакт. Магазинот првпат има проблем со кабелот за приклучување на 23-волтна мрежа по 75.263 километри. Тоа сепак спаѓа во гаранцијата. Замената инаку би чинела 284 евра.

Трошоците за редовното одржување исто така се повисоки од очекувањата на германските експерти. Посета на сервис е предвидена на секои 30.000 километри, а просечната цена за годишното сервисирање изнесува 350 евра.

Трошоци за гориво за 101.000 km

  • 13.320 kWh (= 18 kWh/100 km) 3996 евра
  • 1755 l Super (= 6,5 l S/100 km) 2492 евра
  • Трошоци за редовно одржување (со замена на масло)
  • 27.410 km 478 евра
  • 54.876 km 745,77 евра
  • 87.667 km 502,48 евра
Тестирањето продолжува, следната цел се 200.000 километри

Трагите од користење се сведуваат на скината облога којашто се одвојува од воланот, на отпаднато мачкино око во совозачката врата и пукната цевка што ги штити предните амортизери од прашина. За корозија не може да станува збор кај автомобил што е изработен од карбон, пластика и алуминиум.

Друга приказна е кабината. На првично светлите облоги на седиштата и на облогите на вратите од кенаф (суптропско растение, вид на слез) се забележуваат траги од користење. Со нова облога на воланот, АУТО БИЛД го продолжува маратонот до 200.000 километри.

Во Германија досега се продадени 16.000 примероци од BMW i3, низ светот 132.500 примероци. Околу 40 проценти од продадените возила во Германија користат дополнителен мотор, но интересот за него опаѓа откако BMW вградува усовршена батерија од новата генерација.

BMW M3 паузира, но затоа има за првпат BMW X3 M

Електричниот BMW iNext на екстремно тестирање во Поларниот круг

Револуциите почнуваат луксузно: Хибриден BMW 745е со 58 km на струја

Хибриден BMW 330e како посебна гордост на баварците

Луксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
52 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *