157
20 shares, 157 points

Баварците наскоро ќе ја привршат кариерата на својот електричен автомобил BMW i3, но тој ќе остане како еден од моделите што дале најголем придонес за електричниот погон. Во меѓувреме се сменија условите на пазарот на електрични возила, моделот што ќе дојде како замена повеќе не мора да биде толку радикален во секое подрачје, како што тоа е i3. Но, радикален ќе биде во друг поглед.

Шефот за маркетинг на BMW, Питер Нота, неодамна во интервју за влијателниот „Financial Times изјави дека електричниот автомобил i3 нема да добие наследник. Место тоа, баварците ќе се посветат повеќе на изведување верзии со електричен или плагин-хибриден погон од останатите моделски серии.

Не постои конкретен план околу наследникот на i3, исто како што не е утврдено и кога точно BMW ќе го прекине производството на моделот. Во исто време, од внатрешни кругови во минхенската куќа доаѓаат информации дека моделот што ќе дојде на местото на i3 ќе биде изведен како чисто „батериски“ електричен автомобил во компакт класата.

BMW i3 не е само автомобил со електричен погон, туку е автомобил што и од секое друго гледиште отстапува од конвенционалното, не само во погонот

Автомобилот поседува со дизајн што го издвојува во уличната слика, исто како и скапа и комплицирана конструкција, вклучувајќи ја каросеријата, којашто во голем дел е изработена од карбон. BMW i3 стартуваше со продажба во 2013 година и оттогаш има претрпено само неколку промени во изгледот. Позначајна промена беше вградувањето нова генерација батерии и изведувањето на спортска верзија i3s, со последниот фејлифт.

View this post on Instagram

The exclusive one of the smartest urban roamers. The BMW i3s Edition RoadStyle at the #IAA2019. #THEi3 #BMWi #BMWIAA __ BMW i3s (120 Ah): Energy consumption in kWh/100 km (combined): 14.6–14.0. Fuel consumption in l/100 km (combined): 0.0. CO2 emissions in g/km (combined): 0. Acceleration (0-100 km/h): 6.9 s. Power: 135 kW, 184 hp, 270 Nm. Top speed (limited): 160 km/h. Paint finish shown: Sophisto Grey Brilliant Effect with highlight E-Copper. The values of fuel consumptions, CO2 emissions and energy consumptions shown were determined according to the European Regulation (EC) 715/2007 in the version applicable at the time of type approval. The figures refer to a vehicle with basic configuration in Germany and the range shown considers optional equipment and the different size of wheels and tires available on the selected model. The values of the vehicles are already based on the new WLTP regulation and are translated back into NEDC-equivalent values in order to ensure the comparison between the vehicles. [With respect to these vehicles, for vehicle related taxes or other duties based (at least inter alia) on CO2-emissions the CO2 values may differ to the values stated here.] The CO2 efficiency specifications are determined according to Directive 1999/94/EC and the European Regulation in its current version applicable. The values shown are based on the fuel consumption, CO2 values and energy consumptions according to the NEDC cycle for the classification. Further information on official fuel consumption figures and specific CO2 emission values of new passenger cars is included in the following guideline: 'Leitfaden über den Kraftstoffverbrauch, die CO2-Emissionen und den Stromverbrauch neuer Personenkraftwagen' (Guide to the fuel economy, CO2 emissions and electric power consumption of new passenger cars), which can be obtained free of charge from all dealerships, from Deutsche Automobil Treuhand GmbH (DAT), Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern-Scharnhausen and at https://www.dat.de/co2/.

A post shared by BMW i. Born Electric. (@bmwi) on

Смените на моделските генерации денес обично се случуваат на секои седум години. Тоа значи дека в година би требало да се појави нова генерација на i3. Меѓутоа, BMW ќе го остави својот уникатен модел во компакт класата уште извесно време. Продажбата врви одлично, тој летово беше и најпродаван електричен автомобил на германскиот пазар. Нема причина за моделот итно да се заменува, тој ќе остане во понудата уште неколку години.

Уште една вистина што се покажува кај електричните автомобили – нивните генерациски смени може во иднина ќе се случуваат многу поретко отколку сега, кога нов модел со обичен погон пристига на секои седум години

BMW i3 беше многу пред своето време кога се појави во 2013 година. Во тоа време, за електричниот погон уште се зборуваше како за „футуристички концепт“, а погонот се водеше како погон на иднината. Моделот беше прв автомобил од подмарката BMW i, основана три години пред тоа и замислена како технолошки предводник во рамките на групацијата. Во почетокот, досегот изнесуваше 160 километри. По желба се вградуваше малечок бензинец, кој служеше како генератор, при патување на подолги релации.

Тоа беше и прв сериски автомобил со патничка кабина изработена од карбон. Целта беше на тој начин да се смали тежината и да се продолжи досегот. Овој техно-подвиг чинеше скапо. Во САД беше изградена фабрика вредна 700 милиони евра. Производството во почетокот предизвикуваше проблеми, со кои дури и гиганти како BMW претходно се немаа соочено. За автомобилот беше посебно развиена електрична платформа, различна од сите останати во концернот. Во меѓувреме се сменија условите на пазарот, батериите поевтинуваа и им се подобруваше ефикасноста, односно габаритите. BMW i3 доби нови батерии.

Примената на електричниот погон се огледува и во дизајнот на возилото. Тоа е повисоко, затоа што врз платформата во којашто е вградена батеријата и деловите од подвозјето, буквално е поставена каросеријата, заедно со погонот и со обемната контролна електроника. Печат во изгледот оставаат и високите, но тенки тркала, со пречник од 20 инчи.

BMW i3 супертест

Бидејќи карбонската каросерија е покрута и постабилна отколку да е изработена од алуминиум, инженерите се откажаа од средните столбови. На тој начин се овозможи задните врати да се отвораат наназад. За овие шест години, BMW i3 се продаде во околу 150.000 примероци. Имајќи го предвид премиум карактерот и цената на моделот, тоа е сосем пристојна бројка, покрај поевтиниот и поедноставен Nissan Leaf или Renault Zoe.

Во следните две години, вкупната продажба на електрични автомобили на BMW треба да достигне еден милион

Моментно е во тек вградување плагин-хибриден погон во најпродаваните моделски серии на BMW. Целта е до крајот на 2021 година да се достигне вкупна продажба од еден милион возила со електрифицирана погонска спрега. Така во Франкфурт најави Оливер Ципсе, шефот на BMW.

До 2025 година во понудата ќе има 25 модели со електрифицирана погонска спрега, од кои повеќе од половина ќе бидат чисто електрични. Но, можеби BMW i3 сепак ќе добие наследник, иако со друг вид на погон. Баварците на салонот го прикажаа i Hydrogen Next, кој исто така е електричен автомобил, но место батерии користи водороден погон, односно горивни ќелии. Според шефот Ципсе, мала серија врз основа на овој автомобил ќе стартува со производство во 2022 година, за од средината на следната декада да се зголеми продукцијата. Според тоа, BMW секако дека не се откажува од предизвикот, туку се впушта во следниот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *