за

BMW i3 е најпродаван електромобил во Германија и трет во светот

Компактниот автомобил со електричен погон BMW i3 стартуваше со продажба пред две години и баварскиот производител сега изнесува неколку интересни статистики.

По две години од пазарниот старт, BMW i3 се етаблираше на врвот на сегментот. Секој четврти електричен автомобил продаден во Германија е BMW i3, а на светско ниво секој десетти. Според продажбата што ја постигна од воведувањето на пазарот во ноември 2013, BMW i3 е трет најпродаван автомобил со електричен автомобил во светот. Најголем пазар за компактната комбилимузина се САД, каде што е на третото место според продажбата. Во Новрешка, пак, i3 е најпродаван модел на BMW во тековнава година.

BMW i3 е единствениот електричен автомобил од увоз на кинескиот пазар, ослободен од данок и без потреба купувачот да учествува во државната лотарија за издавање регистерски таблички. Специјално за Јапонија, пак, развиена е пониска верзија на електричниот автомобил, заради ограничениот простор на тамошните паркиралишта. Моментно моделот е достапен на 49 пазари и со тоа е завршена главната фаза од комерцијализацијата. Сега следуваат и помалите пазари.

Голем дел од успехот на BMW i3 се должи на фактот што тој е единствен електричен автомобил за кого што се нуди опција за „продолжувач на досегот“, односно малечок бензинец кој работи како генератор и ги дополнува батериите, откако нивната наполнетост ќе падне под критичното ниво. Специјалната конструкција на автомобилот е посебна приказна. BMW ја изработува каросеријата на i3 од карбон, заради намалување на тежината на возилото, што од една страна претставува помало оптоварување на електромоторот, а од друга страна, на сметка на заштедената тежина на каросеријата може да се користат повеќе батериски модули.

Над 80 проценти од сопствениците на i3 за првпат купуваат модел на BMW. Заради задоволување на интересот на пазарот, во фабриката во Лајпцих моментно се произведуваат над 100 примероци од i3 дневно. На тоа се надоврзуваат уште 20 примероци од хибридниот суперспортист i8.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi со пораст во продажбата во октомври

Четирицилиндарски мотори се враќаат во Porsche по 20 години