Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Вести

BMW i3 со „Златен волан“ и „Зелен волан“ во изборот на Auto Bild

По три години откако беше одликуван како „најдобар новитет за животната средина“, електричниот BMW i3 победува повторно во изборот за „Златен волан“ на магазинот Auto Bild. Тој е прв автомобил во историјата на изборот, којшто победува двапати во иста категорија.

Публиката во над 20 држави и стручното жири решија титулата „Златен волан“ во категоријата на возила со алтернативен погон повторно да му ја доделат на електричниот автомобил на BMW, три години по неговата премиера и по првото освојување на оваа значајна титула. Со тоа, BMW i3 е единствениот модел во историјата на изборот кој двапати ја има понесено титулата во истата категорија.

Во 2013 година, електричните возила уште се оценуваа во специјална категорија и добиваа „Зелен волан“, но во меѓувреме станаа рамноправни со возилата со ковенционален погон и од годинава и тие добиваат „Златен волан“ во соодветната категорија.

21 магазин и 57 членови на жирито решаваат за „Златниот волан“

Изборот за „Златен волан“ се одржува од 1976 година, а годинава во него учествуваа 36 актуелни модели, за коишто гласаа читатели на магазинот Auto Bild и на неговите изданија во 21 европска држава. BMW i3 победи во сите овие држави, како најдобар автомобил со алтернативен погон. Во втората фаза од изборот продолжуваат 24-те модели со најмногу гласови од публиката, за коишто решава 57-члено жири од уредници, тркачи, дизајнери, техничари, информатичари, познати личности и читатели. По обемни тестирања и беспоштедни споредбени возења, меѓународното жири ги избира победниците во шест категории.

BMW i3 лани беше најпродаван модел на германската марка во Норвешка, додека на германскиот пазар, едно од пет електрични возила продадени годинава е i3. Во глобални рамки, дури 85 проценти од сопствениците на i3 првпат купуваат автомобил од BMW.

Следната пролет BMW ќе ја претстави плагин-хибридната изведба од новата серија 5, за неколку месеци подоцна да следи и Mini Cooper S E Coyntruman, исто така со плагин-хибриден погон. BMW ги има во „хибридната“ понуда уште Active Tourer од серијата 2, X5, серијата 7 и серијата 3.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730