Нови модели

BMW Gran Lusso Coupe: Со дрво старо 50.000 години

Непосредно пред Mercedes да ја покаже новата класа S, BMW контрираше со најавата на идното купе од серијата 7. Сега следуваат нови детали од возилото – трката штотуку почнува.

Бизнисот со автомобили не се разликува многу од шоу бизнисот. Конкуренцијата постојано возвраќа со ниски удари. Во истиот ден кога Mercedes го симна превезот од новата класа S, конкурентот BMW ги пушти првите фотографии од идното купе од серијата 7. Тие не откриваа многу, можеше да се видат само контурите на возилото. Но, целта беше исполнета. BMW одвлече дел од вниманието од премиерата на Mercedes.

P90123655 (Small)

Викендов BMW има премиера на студијата на купето од серијата 7, на престижниот собир на олдтајмери покрај езерото Комо во Италија. Возилото е дизајнирано и изработено заедно со дизајнерската куќа Pininfarina и го носи името Gran Lusso Coupe. Има што да се види. Каросеријата е широка и ниска, типичните бубрези во маската се закосени како нос на ајкула, светлата се издолжени, отстрана има впечатливи жабри, задното стакло се спушта меко над задните тркала, а на крајот е кусиот опаш со светлечки диоди што се зажарени како лава. Актуелното купе на основа на претходната класа S на Mercedes изгледа едноставно и барокно во споредба со ова купе.

P90123665 (Small)

Gran Lusso Coupe во принцип нема што да бара на собир на олдтајмери, но BMW е главен спонзор на настанот и Баварците редовно не ја пропуштаат можноста да претстават по некоја студија. Како алиби, под модерно скроената каросерија се кријат неколку праисториски детали. Панелите од дрво каури во облогите на вратите и на командната табла потекнуваат од каменото време. Овие дрва потонале пред 50.000 години во новозеландските мочуришта и откриени се неодамна. Дрвото поседува препознатлива структура и во зависност од аголот на светлината ја менува бојата од златно жолта, преку црвена, до кафена боја. Праисториските дрва не се единствениот ексклузивен материјал што Pininfarina го користи во кабината на луксузното купе. Во истата категорија спаѓа и кожата во боја на коњак, производ на работилницата Foglizzo. Таванот е обложен со уникатни стаклени ленти и со најскапа волна.

P90123641 (Small)

Купето несомнено ќе биде ѕвезда на собирот покрај езерото Комо, но до сериска реализација на возилото ќе мине уште долго време. Серијата 7 штотуку претрпе моделско освежување, а спортското купе од серијата 6 сé уште е свежо. Новата серија 7 пристигнува дури за две години, па дури потоа може да се очекува претставување на дополнителните каросериски изведби врз нејзината платформа.

P90123640 (Small)

loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами