149
20 shares, 149 points

Викендов на арената Тоше Проески се играше фудбал од премиум лига. Македонија преку компанијата М Кар беше домаќин на фудбалскиот куп на увозници на BMW. Фудбалерите на нашиот увозник го освоија третото место.

Изминатиот викенд компанијата М Кар беше домаќин на фудбалскиот куп на увозници на BMW. Станува збор за интерен настан на германската марка, кој оваа година прв пат се оддржуваше во Скопје. Натпреварите се одвиваа на Националната Арена „Тоше Проески“, меѓу 28-ми и 30-ти мај. Победник е екипата на BMW Египет, второто место им припадна на BMW-фудбалерите на Германија, Македонија е трета.

BMW Football Importers Cup 2019 во суштина е тим-билдинг настан, фудбалски натпревар за импортерите на BMW од регионите на Африка, Карибите и Источна Европа. Овој настан веќе неколку години традиционално се оддржува во различна земја од овој регион. Во претходните три години се играше во Минхен, Загреб и Белград.

На настанот присуствуваше и д-р. Томас Рин, генерален директор на BMW Group за регионите на Африка, Карибите и Источна Европа, како и останати претставници од менаџментот од BMW Group и импортерите на BMW.

Фудбалскиот тим на М Кар

New photo by Automedia MK / Google Photos

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *