за

BMW ќе ја произведува серијата 3 во Мексико

bmw мексико фабрика отворање
bmw мексико фабрика отворање

Мексико е како ветена земја за автомобилските производители, поради спогодбата за слободна трговија, големиот број добавувачи, а особено поради евтината работна рака. BMW стартува со производство на серијата 3, но може да настане проблем доколку почнат да се применуваат високите царини во САД.

BMW ја отвора својата прва фабрика во латиноамериканската земја во екот на трговскиот спор меѓу САД и Мексико. Произведените лимузини од серијата 3 ќе се испорачуваат на глобалниот пазар. Во фабриката во централно Мексико се вложи повеќе од една милијарда долари. На површината на фабриката од 300 хектари ќе работат 2.500 лица и годишно ќе произведуваат до 175.000 возила.

Лани Мексико извезе 3,5 милиони автомобили, од кои најголемиот дел во САД

Мексико има потпишано договор за слободна трговија со повеќе од 40 држави и претставува важна локација за автомобилската индустрија. Лани од земјата се извезени 3,5 милиони автомобили, пикапи и комбиња, од кои три четвртини само за САД. Американскиот претседател Трамп се закани дека ќе воведе високи царини за соседната држава, доколку не се сопре миграцијата од Централна Америка. Државна делегација на Мексико преговара во Вашингтон, за царините да не се зголемуваат.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Доколку не се постигне договор, од понеделник за сите увозни производи од Мексико ќе се плаќа дополнителна царина во висина од 5 проценти. До октомври, стапката ќе се зголеми на 25 проценти. Царините во почетокот ќе ги плаќаат увозниците, поради што и американските компании искажуваат остар протест.

Возилата од фабриката на BMW во Сан Луис Потоси, освен во САД, ќе се извезуваат во 40 држави ширум светот. Мексико има географски клучна позиција меѓу Северна и Јужна Америка, Атлантикот и Пацификот.

Баварците инвестираат и во САД. До 2021 година ќе се вложат дополнителни 600 милиони долари во фабриката во Спартанбург, во Јужна Каролина.

Таму каде што има серија 8 на BMW мора да има и M8

BMW ќе развива електричен погон заедно со Jaguar Land Rover

Нова серија 1 на BMW: Со сета сила напред

Од BMW Garmish нема трага половина век, BMW го изработи од ново

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

германија еколози азотни оксиди мерење

Германски еколози со екстремни вредности за NОx пред градинки и училишта

Toyota Corolla 2019 Hybrid Sedan test

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus