Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Пазар

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Моделите на BMW и Mini со електричен и плагин хибриден погон достигнале продажба од 26.858 примероци во првото тромесечје. Тоа е за речиси 40 проценти подобро отколку лани, BMW и натаму е водечки производител на електрични автомобили во премиум сегментот

Марките BMW и Mini продале 26.858 возила со електрифицирана погонска спрега само во првите три месеци од годинава. Со постигнатиот раст во продажбата на електрични и плагин хибридни автомобили, групацијата BMW ја зацврстува позицијата на водечки производител на електрични автомобили од премиум сегментот во светот.

Планот на BMW е до крајот на годинава да се продадат најмалку 140.000 возила од моделските семејства BMW i, BMW iPerformance и Mini Electric. Најголем пораст во продажбата е постигнат во САД, кои воедно се и носечки пазар за моделите со електрифицирана погонска спрега од групацијата BMW. Во споредба со првото тромесечје лани, продажбата пораснала за дури 78 проценти.

Едно од секои четири продадени возила на BMW во Скандинавија е со електричен погон

На пазарот од другата страна на океанот, до март се продадени 5.743 „батериски“ или плагин хибридни автомобили, што одговара на удел од 6,8 проценти во вкупната продажба. Слични резултати се постигнати и во Велика Британија и Ирска, со 4.148 возила со електрифицирана погонска спрега и пораст од 23,3 проценти. Скандинавските земји и натаму предводат во уделот на електричните автомобили во вкупната продажба. Едно од секои четири испорачани возила од групацијата BMW во Норвешка, Шведска и Финска во првото тромесечје имало електрична погонска спрега.

Понудата во моделското семејство BMW i опфаќа четири модели (BMW i3, BMW i3s, BMW i8 Coupe и BMW i8 Roadster), додека плагин-хибридната понуда iPerformance се состои од пет моделски изведби (BMW 225xe iPerformance, BMW 330e iPerformance, BMW 530e iPerformance, BMW 740e iPerformance и BMW X5xDrive40e iPerformance). Цената за електричниот BMW i3 на германскиот пазар, без субвенциите од 4.000 евра, изнесува 37.550 евра.

Дизел скандал и во BMW: Сервисен повик за 11.000 возила

Бензинците на BMW на едногодишна пауза

Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

BMW X2 на тест на АДАК Моторвелт

Германија има субвенции за уште 300.000 електрични автомобили

 

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730