за

BMW ќе произведува строго со еколошка струја

BMW ќе произведува строго со еколошка струја
BMW ќе произведува строго со еколошка струја

BMW ќе ги префрли своите 23 фабрики ширум светот на 100% еколошка струја уште во текот на годинава. Тоа го соопшти директорот за производство во компанијата Милан Недељковиќ.

Баварскиот производител на автомобили ќе ги префрли на еколошка струја сите свои 23 фабрики во светот. Тоа го соопшти директорот за производство Милан Недељковиќ во изјава за германските медиуми: „Нашите фабрики во светот уште во оваа година ќе ги префрлиме строго на струја од обновливи извори.“

Во фабриките на BMW годишно се трошат околу 5,2 милиони мегаватчасови струја, што е исто колку два милиони домаќинства. Моментно околу четири петини од струјата во фабриките на BMW доаѓа од обновлива енергија. Тоа е случај со ветерниците во фабриката во Лајпцих, со соларните модули на површина од 70.000 метри квадратни покрај фабриката во Мексико или со постројката за биогас од изметот од 30.000 крави во Јужна Африка. Со потрошувачка од 2,1 мегаватчасови по автомобил, BMW е просечен потрошувач на струја меѓу европските производители на автомобили.

Големи заштеди благодарение на преоѓањето на диодно осветлување

„За производство на едно возило, денес во просек трошиме половина од ресурсите и СО2 отколку во 2006 година“, изјави Недељковиќ. „Инсталиравме вкупно 300.000 диодни светилки и на тој начин заштедуваме струја колку што трошат 40.000 домаќинства.“

BMW произведува автомобили и во Magna-Steyr во Грац, Авструја, во Nedcar во Холандија и кај други производители по налог. Концернот не соопшти за потеклото на струјата во овие осум фабрики.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda одговара на најчестите прашања околу електричниот погон

Skoda одговара на најчестите прашања околу електричниот погон

Електрични автомобили Канада, Tesla

Студија во Канада: Возачи на струја не се враќаат на бензин