148
22 shares, 148 points

Германската агенција за моторен сообраќај објави сервисен повик за преку 11.000 автомобили на BMW со дизел мотор. Во сервисите на марката ќе се отстрануваат недозволените уреди во системот за пречистување на издувните гасови.

Повеќе од 11.000 сопственици на моделите BMW 750d и BMW M550d со трилитарски дизел според Euro 6, мораат непланирано да ги посетат сервисните работилници на баварската марка, заради отстранување на неправилностите што се утврдени во системот за пречистување на издувните гасови. Германската агенција за моторен сообраќај моментно ги проверува техничките измени што ги предложи BMW, по што би можело да се очекува отпочнување со практичната реализација на сервисниот повик.

Станува збор за истите модели за коишто BMW најави сервисен повик уште пред четири недели. Минхенскиот производител во минатиот месец соопшти дека во повеќе од 11.000 автомобили со дизел мотор бил вчитан погрешен софтвер за пречистувањето на издувните гасови. Според производителот, се работи за грешка при дистрибуцијата на софтверот, а не за намерна манипулација со издувниот систем.

Надлежното обвинителство во Минхен пред две седмици спроведе истрага во централата на BMW и започна постапка поради сомневање за измама со издувните гасови

Според BMW, софтверот бил развиен за СУВ-моделите X5 и X6 со истиот мотор, но по грешка бил вчитан и во двете моделски изведби од сериите 5 и 7, произведени меѓу 2012 и 2017 година. Кај примероците од постарите годишта, софтверот бил вчитан отпосле во сервисните работилници. Поради тоа што софтверот не одговарал за овие модели, пречистувањето на издувните гасови не работело правилно.

Проблемот го откри германското здружение за заштита на животната средина, откако при пробните мерења на BMW од серијата 7 во мај 2017 година, била измерена драстично повисока количина на азотни оксиди од дозволената. Потоа се вклучува и Агенцијата за моторен сообраќај, којашто има врвна надлежност за оваа проблематика. Трговецот од когошто Агенцијата го набавува возилото, веднаш го информира производителот. Оттаму следи барање, возилото да се донесе во сервисна работилница, затоа што „веројатно“ има потреба да се изврши сервисирање.

Целата таа процедура побудува големи сомнежи во Агенцијата. Производителот порекнува дека имал намера да го „сервисира“ возилото пред да се извршат контролните тестирања. BMW побарал возилото да се однесе во сервис, затоа што на интерните тестирања во меѓувреме се покажало дека тоа потекнува од серијата во којашто бил вчитан погрешен софтвер.

BMW официјално по посетата од државните обвинители

Бензинците на BMW на едногодишна пауза

Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
22 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743