за

BMW прославува во 2020: Првиот „боксер“ проработе пред 100 години (Прв дел)

BMW прославува во 2020: Првиот „боксер“ проработе пред 90 години
BMW прославува во 2020 Првиот „боксер“ проработе пред 90 години

Додека светот уште насетува каква ќе биде 2020 година, групацијата BMW уште еднаш нé потсетува на минатото и ги најавува јубилеите што претстојат: 100 години од првиот боксер-мотор, 90 години од првиот родстер, 80 години од победата на Миле Миља и 60 години на моделска разновидност на марката Mini.

Компанија што постои 104 години има многу приказни за раскажување и многу јубилеи за одбележување. Тоа што е посебен „дар“ на автомобилите и воопшто возилата од секаков вид, тоа е нивната способност да нé вратат во минатото или барем да ни го доловат духот на некои времиња што биле пред нас. Историјата на автомобилите никогаш не е само во автомобилите, туку и во луѓето, во техниката, во културата.

Во првиот дел

Еден век од првиот боксер мотор: Како младиот техничар Мартин Штоле го поттикна BMW да произведува мотоцикли

Мартин Штоле е талентиран млад техничар во развојното одделение на BMW и го обожува својот мотоцикл од британската марка Douglas. По првата светска војна, на BMW, исто како и на сите останати германски фирми, забрането им е да произведуваат авионски мотори. Место тоа, се произведуваат големи четирицилиндарци за камиони, трактори и бродови. За да се обезбеди иднината, мора да се мисли на нешто ново. Мартин Штоле има одлична идеја.

Маркус Штоле со мотооцикл од марката Victoria со боксер мотор во 1931 година
New item by Automedia MK / Google Photos

По пример од моторот во неговиот Douglas, Штоле конструира двоцилиндарец со воздушно ладење и зафатнина од 500 сантиметри кубни, со цилиндри што се поставени еден спроти друг. Јасно, станува збор за боксер мотор, во тоа време веќе позната конструкција. Тоа што техничарите ги одушевува најмногу е смирената работа на моторот, затоа што клиповите си ги „возвраќаат ударите“, како во боксот. Ова својство на боксер моторите и денес ги одушевува фановите на марката мотоцикли BMW.

Производството на новиот мотор почнува во 1920 година. Штоле на свои 34 години, го конструира моторот со нагласок на смиреноста и издржливоста. Во почетокот се доволни 6,5 КС при 4.500 вртежи во минута. Баварците го продаваат новиот мотор на неколку производители на мотоцикли, под името „Bayern-Kleinmotor“, односно малечок мотор од Баварија.

BMW R 32

New item by Automedia MK / Google Photos

Веднаш се појавува голем интерес за моторот, кој почнува да се вградува во мотоциклите од марките Helios, Bison, SMW (Stockdorfer Motoren Werke – Фабрика за мотори Штокдорф), Corona и Hoco. Најмногу успех постигнува марката Victoria од Нирнберг, чијпто модел KR 1 со „баварскиот малечок мотор“ привлекува бројни купувачи. Од првиот боксер мотор на BMW само за овој мотоцикл се испорачани повеќе од 1.000 примероци.

По две години, Штоле заминува по патот на „својот“ мотор, односно почнува да работи за Victoria и таму изведува уште неколку интересни конструкции. Меѓутоа, Минхен го добива потребниот импулс за натамошниот напредок на компанијата BMW. Таа самата почнува да произведува мотоцикли.

За кусо време е развиен првиот комплетен мотоцикл на марката. Во септември 1923 година е претставен BMW R 32, секако со боксер мотор. Тоа е веќе посебна приказна.

Во вториот дел ќе читате: Роберт Колрауш и неговите победи со BMW 3/15 PS DA 3 „Typ Wartburg“ пред 90 години

https://www.instagram.com/p/B6qYlbpARv-/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јутјубер со 200К следачи поканет во депото на Volkswagen „Ова е лудо!“

Јутјубер со 200К следачи поканет во депото на Volkswagen: „Ова е лудо!“

Јан Копецки Skoda совети зимско возење

Јан Копецки: Шампионски совети за возење во зимски услови