140
22 shares, 140 points

BMW ќе купи батерии вредни 4 милијарди евра од кинескиот специјалист CATL. Дел од батериите ќе пристигне од новата фабрика на кинеската компанија во германскиот Ерфурт

BMW потпиша зделка за испорака на батерии за електрични автомобили вредна четири милијарди евра со кинескиот производител CATL. Важниот чин за браншата се одвиваше за време на посетата на премиерот на Кина, Ли Кечијанг. Кинеската компанија ќе гради фабрика за батерии во близина на германскиот град Ерфурт, а Баварците се коинвеститори.

Изградбата на овој масивен капацитет е од голема важност за европската автомобилска индустрија, за којашто се стравуваше дека ќе западне во опасност да зависи премногу од увозот на батерии за своите електрични автомобили.

Батериите што ќе ги произведува CATL поседуваат врвна технологија развиена од BMW

Од вкупната вредност на зделката од четири милијарди евра, батерии вредни 1,5 милијарда евра ќе се испорачаат од новата фабрика во Германија, додека остатокот ќе се увезе од Кина. BMW моментно има два снабдувачи со батерии, но во зависност од побарувачката на пазарот може да се придружи и нов партнер. Автомобилската групација од Минхен моментно преговара со осум производители на батерии.

Останатите производители на автомобили се добредојдени да инвестираат во фабриката за батерии, порачуваат од BMW. Тие сепак не планираат да набавуваат батерии заедно со конкурентот Daimler, затоа што сметаат дека можат да постигнат голема предност доколку сопствените батерии имаат капацитет или се полнат побрзо.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
22 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *