за

Пред пристигањето на BMW M3, има добра понуда и Alpina

BMW Alpina B3
BMW Alpina B3

BMW веќе го најавува на сиот глас пристигањето на новиот M3, а во меѓувреме ја има и спортската лимузина M340i, на којашто моќ не ѝ недостига. Постои уште еден автомобил што се вмешува во игра, Alpina B3.

Кај BMW постојат два екстреми во поглед на перформансите. Едниот екстрем се M-моделите, вториот екстрем е Alpina. Во вториов случај, исклучителната моќност доаѓа заедно со комфор за секојдневието и со фини детали. Тоа важи и за новата BMW Alpina B3, достапна како лимузина и како комби.

Моторот е познатиот шестцилиндарец во линија, со зафатнина од три литри и твинтурбо, со моќност што продолжува над 374-те КС на M340i. Лимузината не го покажува тоа со изгледот. Доколку сопственикот се откажал од моделските ознаки, B3 може да се препознае само по четирите издувни цевки и по благо сменетиот преден браник.

Со 462 КС, тројката на Alpina е посилна дури и од претходниот BMW M3

Со своите 462 коњски сили, Alpina B3 е дури и посилна од претходната генерација на M3 и M3 CS. Звукот на моторот при нормален режим на возење е исто толку ненападен колку што е надворешниот изглед. Единствената тјунерска работилница што е официјално признаена како производител на автомобили, ги изработува своите дела со цел тие да понудат максимум во секое подрачја, а притоа да се задржи нивната променливост во секојдневието. Тоа мото го оддаваат и масивните сопирачки дискови, напред со пречник од 395 и назад од 345 милиметри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со 700 њутнметри што стојат на располагање во целото подрачје од 2.500 до 4.000 вртежи, шестцилинадрецот повлекува за 3,8 секунди од место до темпо сто. Ограничувањето на крајната брзина не е тема за разговор во седиштето на тјунерот во германскиот Бухле. Таа изнесува 303 километри на час. Повеќето спортски болиди се откажуваат долго пред тоа. Осумстепен автоматик од ZF и погон на сите тркала се стандард.

Според германскиот ценовник, Alpina B3 чини 81.250 евра, не вклучувајќи ги опциите, кои речиси се задолжителни за клиентите на куќата. Лимузината не е создадена за трки на семафор, туку е маратонец по германскиот аутобан, со комотни спортски седишта, одлична амортизација и голема резерва од моќност во секаква ситуација. Буквално автомобил за уживање при долги патувања, вклучувајќи ги и зафатите во управувањето, со кои возачот стекнува уште подиректна поврзаност со патот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Палалелно со зголемената моќност, што меѓу другото е постигнато и со зафати во куќиштето на турбината и компресорот, вградени се зајакнати погонски оски и додаден е заден диференцијал со електронска блокада.

Alpina стандардно доаѓа со луксузна опременост, во којашто меѓу другото спаѓаат арматурна табла обложена со вештачка кожа, тризонска автоматска клима, врвно озвучување, внатрешни лајсни со врвен финиш, напреден дигитален кокпит, спортски седишта со грејачи и радарски темпомат.

View this post on Instagram

BMW ALPINA B4 S Edition 99 leading a small fleet of new BMW ALPINA B3's round Bilster Berg race track for exclusive first test drives! https://edition99.alpina.de https://b3.alpina.de #ALPINA #ALPINAAutomobiles #automotivemasterpieces #BMWALPINAB4S #EDITION99 #bilsterberg #drivetastefully #racetrack #followme #alpinab3 #firsttestdrive BMW ALPINA B4 S Edition 99: Fuel consumption combined: 9.2 l/100 km • CO2 emissions combined: 209 g/km • CO2-Efficiency: F (Germany) • according to EU Norm • www.ALPINA.de/DAT-Hinweis BMW ALPINA B3 AWD: Fuel consumption combined 9.8 l/100 km / 28.8 mpg • CO2 emissions combined 224 g/km • Efficiency category E (Germany) • According to EU Norm • www.ALPINA.de/DAT-Hinweis

A post shared by ALPINA Automobiles (@alpinaautomobiles) on

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Два од три автомобили во Норвешка се електрични

Два од три автомобили во Норвешка се електрични

Mitsubishi Eclipse Cross доби нови стилски додатоци

Mitsubishi Eclipse Cross доби нови стилски додатоци